Против хегемонијата на системот со симболички пролив

10.12.2014 01:15
Против хегемонијата на системот со симболички пролив

Единствена стратегија која ќе ја демонтира хегемонијата на системот е да се предизвика симболички пролив од невидени размери. Секој протест - студентски, граѓански, треба да биде декориран со катаљон знамиња. Македонски - и државни, и со Вергина, и со петокрака. Со новиот грб обавезно. Тие да доминираат. И албански знамиња исто. И турски, па и грчки, и бугарски, абе секакви. Југословенска симболика да биде запазена. Карти на голема Македонија, Илирида, све све.

Па и знамиња од сите партии, ВМРО, СДСМ, ДУИ, ДПА, абе све, дури и од на Циле Демократската Алтернатива. Особено проминентно да биде знамето на ВМРО (и сите негови варијации). Напред огромен банер ГРУЕВСКИ КОМУЊАРУ! (или оној на кој името ми е страв да му го спомнам), и нешто као СЕМОЌЕН ГРУЈО, ИМАЈ МИЛОСТ и уште еден ТИТО, БРАНКО, ГРУЈО. Тука уште еден огромен банер ИДЕНТИТЕТОТ БРЕ! и секако уште еден КАЈ СЕ ПАРИТЕ?!

Да се извадат транспаренти на сите јазици (албански, турски, ромски, влашки, итн). Да се направи огромна слика од Груевски и Сорос заедно заокружени. Исто знамиња на ЕУ, Америка, НАТО, ИСИС, Сауди, СССР, па и анархистички, запатистички. Исто, многу битно, крстови и икони, може да се поканат баби со кандила и свеќи (и молотови, хехе мала шала). Све што може, онака играорци у носии, од оние со античките стиропори, комити на коњи и магариња. Исто да се направат маски картонски со фаци на политичари, од сите партии итн итн. Дури и онака огромно лого на Курир и Сител да се напраи и да се носи и мафта и онака транспаренти I LOVE SITEL, па нека етикетираат после.

Извор: Фејсбук профилот на авторот, 9.12.2014
Слика: Свирачиња