Војна во Европа? Не во наше име!

10.12.2014 16:03
Војна во Европа? Не во наше име!

Никој не сака војна. Но Северна Америка, Европската Унија и Русија незадржливо јурат кон неа, доколку конечно не ја запрат фаталната спирала на меѓусебни закани. Сите Европејци, вклучувајќи ја и Русија, сносат заедничка одговорност за мирот и безбедноста. Да се потсетиме на оваа цел и нема да заталкаме настрана.

Судирот во Украина покажува дека не ја надминавме желбата за моќ и хегемонија. На крајот на студената војна, во 1990, сите се надевавме дека тие времиња се зад нас. Меѓутоа, нè залажаа успесите на политиката на попуштање и мировните резолуции. Подеднакво на исток и на запад. Изгубена е клучната цел за исклучување на војната како реална опција во односите на Америка, Европа и Русија. Поинаку не може да се објаснат многу заканувачките за Русија ширења на запад кон исток без истовремено продлабочување на соработката со Москва, и противправната анексија на Крим.

Во овој миг на голема опасност за Европа, Германија сноси посебна одговорност за зачувување на мирот. Без помирливост на граѓаните на Русија, без далекувидниот Михаил Горбачов, без поддршката на нашите западни сојузници и без внимателното делување на тогашната германска влада никогаш не би ја надминале поделбата на Европа. Германското обединување по мирен пат беше голем и разумен чин на силата победничка и одлука од историски размери. Од надминатите поделби требаше да израсне одржлив европски мировен и безбедносен поредок од Ванкувер до Владивосток, како што беше договорено во ноември 1990 со Париската повелба за нова Европа. Врз основа на заедничките принципи и првите конкретни мерки требаше да се подигне „заедничка европска куќа“ во која сите држави ќе уживаат иста безбедност. Оваа цел на повоената политика остана неостварена. Европејците повторно живеат во страв.

Ние, потписниците, ја повикуваме германската влада да преземе одговорност за мир во Европа. Потребна ни е нова политика на политички попуштања, која е остварлива само врз основа на иста безбедност за сите и со рамноправни и меѓусебно уважувани партнери. Германската влада нема да погреши доколку во оваа тешка ситуација повика на трезвеност и дијалог со Русија. Безбедносните интереси на Русија се легитимни и очигледни баш како и оние на Германија, Полска, балтичките држави и Украина.

Не смееме да ја избркаме Русија од Европа. Тоа би било неисториски, неразумно и опасно за мирот. Русија од Виенскиот конгрес во 1814 припаѓа на големите европски сили. Сите кои се обиделе насилно да го променат тоа доживеале крвав неуспех, последна меѓу нив Хитлерова Германија, која во 1941 тргна во убиствен поход да ја подјарми Русија.

Апелираме до пратениците на германскиот Бундестаг да ја сфатат сериозноста на ситуацијата и со внимание да ја надгледуваат обврската Германија да промовира мир. Создавањето непријател и расфрлањето со еднострани осуди ја заострува напнатоста во моментот кога ни се повеќе од потребни сигнали на попуштање. Соработката, а не исклучувањето мора да биде клучен принцип на германската политика.

Апелираме до медиумите поуверливо да се придржуваат до должноста на непристрасно известување. Статиите и коментаторите демонизираат цели народи без почитување на нивната историја. Секој посериозен надворешнополитички новинар можеше да го разбере рускиот страв кога НАТО во 2008 ги повика Грузија и Украина да се придружат на сојузот. Овде не станува збор за Путин. Државниците доаѓаат и си заминуваат. Станува збор за Европа и за тоа да го тргнеме стравот од нова војна. За тоа во голема мера може да придонесе одговорното и на проверливи факти засновано известување.

На 3 октомври 1990, на денот на германското обединување, германскиот претседател Рихард фон Вајцзекер рече: „Студената војна е завршена. Слободата и демократијата наскоро ќе ги преплават сите држави. Тие сега можат да ги изградат своите односи и институционално да ги осигураат така што првпат ќе добиеме заеднички мировен и животен поредок. Со тоа за народите од Европа почнува суштинско ново поглавје од историјата со цел паневропско обединување. Џиновска цел, остварлива, но лесно можеме и да потфрлиме. Соочени сме со две алтернативи: можеме да ја обединиме Европа, или, како што бројни кобни примери од историјата ни покажуваат, да потонеме во националистички судири.“

Сè до крајот на украинската криза верувавме дека Европа е на добар пат. Зборовите на Рихард фон Вајцзекер денес, четврт век подоцна, се поактуелни од кога било.

Марио Адорф (глумец)
Робет Антретер (поранешен пратеник во Бундестаот)
Проф. д-р Вилфрид Берман (потпретседател на lma Mater Europaea)
Луитполд Принц фон Баерн (Königliche Holding und Lizenz KG)
Ахим фон Борис (режисер и сценарист)
Клаус Марија Брандауер (глумец и режисер)
Д-р Екхард Кордес (претседател на Ost-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft)
Проф. д-р Херта Дојблер-Гмелин (поранешна германска министерка за правда)
Еберхард Дипген (поранешен градоначалник на Берлин)
Д-р Клаус вон Донани (прв градоначалник на слободен Хамбург)
Александар ван Дилмен (претседател на A-Company Filmed Entertainment AG)
Штефан Дир (извршен директор на Ekosem-Agrar GmbH)
Д-р Ерхард Еплер (поранешен германски министер за развој и соработка)
Проф. д-р Хајно Фалке (пензиониран ректор)
Проф. Ханс Јоахим Фреј (претседател на управниот одбор на Semper Opernball Dresden)
Отец Анселм Грин (свештеник)
Сибиле Хавеман
Д-р Роман Херцог (поранешен претседател на Германија)
Кристоф Хајн (писател)
Д-р Буркхард Хирш (поранешен потпретседател на Бундестагот)
Фолкер Хернер (академски директор во пензија)
Јозеф Јакоби (биолошки фармер)
Д-р Сигмунд Јен (поранешен астронаут)
Ули Јергес (новинар)
Проф. Д-р Маргот Кесмен (бискупка и поранешна претседателка на Советот на евангелистички цркви во Германија)
Д-р Андреа фон Кноп
Проф. д-р Габриеле Кроне-Шмалц (поранешна дописничка на АРД од Москва)
Фридрих Киперсбуш (новинар)
Вера Грефин фон Лендорф (уметница)
Ирина Либман (книжевник)
Д-р Лотар де Маициере (прв и единствен демократски избран претседател на Источна Германија)
Штефан Мерки (управник на театарот во Берн)
Проф. д-р Клаус Манголд (директор на Mangold Consulting GmbH)
Рајнхард и Хела Меј (музичари)
Рут Миселвиц (евангелистичка свештеничка)
Клаус Премперс (новинар)
Проф. д-р Конрад Рајзер (поранешен генерален секретар на Екуменскиот светски совет на цркви)
Џим Ракете (новинар)
Михаел Рескау (поранешен висок државен функционер)
Еуген Руге (писател)
Д-р Ото Шили (поранешен минситер за внатрешни работи на Германија)
Д-р Фридрих Шорлемер (евангелистички теолог и борец за граѓански права)
Георг Шрам (кабаретски уметник)
Герхард Шредер (поранешен канцелар на Германија)
Филип фон Шултес (глумец)
Инго Шулце (писател)
Хана Шигула (глумица и пејачка)
Д-р Дите Шпери (поранешен министер за економија)
Проф. д-р Фулберт Стефенски (католички теолог)
Д-р Волф Д. Штелцнер (директор на WDS-Institut für Analysen in Kulturen mbH)
Д-р Манфред Штолпе (поранешен претседател на покраината Бранденбург)
Д-р Ернст-Јерг фон Штудниц (поранешен амбасадор)
Проф. д-р Влатер Штицле (поранешен државен секретар за одбрана)
Проф. д-р Кристијан Р. Суптут (бизнисмен)
Проф. д-р Хорст Телтшик (поранешен советник за безбедност и надворешна политика на германската влада)
Андерс Фаел (режисер)
Д-р Ханс-Јохен Фогел (поранешен германски министер за правда)
Д-р Антје Фолмер (поранешна бискупка на Либек)
Д-р Ернст Улрих вон Вајцзекер (научник)
Вим Вендерс (режисер)
Хан-Екард Венцел (музичар)
Герхард Волф (писател и издавач)

Извор: Die Zeit

Русија / Европа / ЕУ / САД / војна / Запад / писмо

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото