„Курир“ однапред им се извинува на сите кои нема да успее да ги заокружи

10.12.2014 15:19
„Курир“ однапред им се извинува на сите кои нема да успее да ги заокружи

Скопје, 10 декември 2014

Редакцијата на „Курир“ синоќа испрати серија соопштенија поврзани со денешниот студентски марш, кои веднаш ги преземаат братските и сестрински портали.

Во претходното, од таму соопштија дека се подготвени за денешниот студентски протест, односно дека набавиле неколку нови сетови црвени фломастери за заокружување.

Сепак, во најновото соопштение, истакнуваат дека направиле погрешна проценка и дека според најновите информации, на протестот ќе присуствуваат мноооооогу повеќе граѓани отколку првично планираните, па веројатно нема да успеат да ги заокружат сите.

„Редакцијата на порталот Курир однапред најискрено им се извинува на сите кои нема да успее да ги заокружи на утрешниот протест. Ќе дадеме сè од себе сите да бидете опфатени со нашите црвени кругови, но некогаш не се постигнува. Кога ќе се соберат толку многу луѓе на исто место и со иста цел, ни се кине срцето, црвените фломастери престануваат да работат, Пеинтот и Фотошопот откажуваат послушност, па луѓе остануваат незаокружени и истовремено незадоволни. Уште еднаш, извинете, ептен извинете, не се постигнува“, стои во соопштението на Курир испратено во коверт залепен со солзите на вработените.

Извор: www.kozanostra.net

ОкоБоли главаВицФото