Истражување: Понеделник на работа е помалку напорен ако работиш за викенд

12.12.2014 14:51
Истражување: Понеделник на работа е помалку напорен ако работиш за викенд

Скопје, 12 декември 2014

Понеделник, кој важи за најнапорен работен ден, значително полесно го поднесуваат вработените кои работат преку викенд, покажува најнова студија од Институтот за работа, капитализам, мобинг и експлоатација „Дрекслмаер“.

Истражувањето покажува дека во понеделник на Фејсбук и Твитер дури за 80 отсто помалку се жалат оние кои работеле претходните два дена.

„Вработените кои работат во сабота и недела значително поретко на социјалните мрежи поставуваат постери, афоризми и слики со мачки во кои се спомнува понеделник, како и статуси за тоа колку им е тешко да ја започнат работната недела. Кога истражувавме зошто е тоа така, утврдивме дека повеќето од нив мислат дека веќе се на средина на работната недела, а се разочаруваат дури во вторник кога некој ќе им каже дека уште не е четврток“, велат експертите од Дрекслмаер.

Според нивното истражување, стресот кој го предизвикува понеделник е толку голем што има сè повеќе луѓе кои намерно бараат од работодавците да им дадат работа и за викенд, за да ја избегнат фрустрацијата на почетокот од неделата, а има и такви кои читаат прирачници за преживување на работното место.

Извор: www.njuz.net