Вистината за студентските протести која ние опозиционерите не сакаме да си ја признаеме

13.12.2014 13:14
Вистината за студентските протести која ние опозиционерите не сакаме да си ја признаеме

Режимскиот Дневник всушност е во право. Студентите во светот протестираат за многу посуштински нешта, како демократија и човекови права. Нашиве чекаа осум години за да излезат на протести затоа што им се заканија со два испита за кои ќе се знаат прашањата однапред и на кои може да се полага се додека не се положат. Нашиве студенти никаде ги немаше по настаните од 24 декември 2012, никаде ги немаше по затворањето на медиуми и по многуте поразителни закони кои се одразија катастрофално врз демократијата, медиумите, судството итн.

Јас во принцип сум против екстерното и сум среќен што се случија студентските протести и што беа толку масовни. Тие се силен удар за режимот на Груевски, но сепак ние опозиционерите ги толкуваме малку романтично. Сепак, студентите се во суштина себични педерчиња кои се кренаа кога им се заканија со два испита, а молчат кога се газат некои основни вредности во Македонија, како устав, слобода на мисла, демократија и слично.

Суровата вистина за нас опозиционерите е што се настојуваше од самите студенти да се нагласи дека постои знак на равенство меѓу ДПМНЕ и опозицијата, со тоа што се бегаше како ѓавол од крст од поврзаност со опозицијата. Дури фалеше уште малку и да се прати соопштение во кое ќе беа замолени видните опозиционери да не маршираат на протестот за да не им наштетат.

Зошто е толкав ерес ако студентите покажат политички симпатии, а ако ги немаат тие симпатии кон опозицијата, зошто ги немаат? Толку ли се и тие жртви на пропагандата? Зарем осум години власт на ДПМНЕ не беа доволни за овие млади луѓе да станат симпатизери на опозицијата? Ајде старите, гледаат турски серии и вести во паузите на главните телевизии, овие младиве се на социјалните мрежи и интернет, па зарем не се просветлија и не заклучија дека е време за крај на ерата на Грујо?

Факт е дека се протестираше само за екстерното, немаше политички пароли, немаше повици за оставки на никого, па тоа остава простор за владата на Груевски со еден потег, а тоа е повлекување на екстерното, да ја спласне енергијата на студентите и потоа да се живее со слика дека се во државата е ОК, а ОК ли е? Нема ли да има потоа причини за протести? Треба ли да го оставиме товарот на борбата за промени само на опозицијата и опозициските медиуми кои се на маргините во општествово поради финансиската изолација од режимот?

Вистината е дека првпат се согласувам со една насловна на режимскиот Дневник. Навистина нашите студенти во суштина се типични Македончиња, без идеали, без одговорност, без фантазија, без свест, туку со обично себично инаетење и преокупираност со некои ситни банални теми кои се дури и смешни според народната село гори, а баба се чешла...

Мактел, 13.12.14.
Слика: Свирачиња