Малите шахти како уметност

13.12.2014 16:31
Малите шахти како уметност

Не постои ништо што не може креативно да се осмисли

 

Белград е полн со детали. Се сокриваат поради беглоста. Се измолкнуваат пред очите и под ѓоновите. Треба да ги откриваме. Мало внимание во замена за радост. Повеќе од фер. Во таа игра неодамна во Призренска улица открив шахти. Мали се како половина чоколада. И носат порака. Во потписот: М. Томиќ.

Неколку прашања веднаш се наметнаа. Јасно е што бараат шахтите во асфалтот. Но што бараат тука шахти без очигледна намена? И уште малечки. Измислував одговори, фантазијата е бесконечна додека не се ограничи со конкретни информации. А потоа Гугл, Јутјуб, Фејсбук... Одговорите се сложија како коцки. И не ја разбија магијата!

Кој е М. Томиќ?

М. Томиќ е Милош Томиќ. Дипломиран режисер, филмаџија, предавач по кратки видео-форми на Факултетот за медиуми и комуникација, патник преку океанот, необичен колажист, колекционер на фрлени предмети, „би ги начичкал сите кога би имал каде, ама мал ни е станот“, додава тој. Би можело уште да се набројува, но ако творештвото е огледало на еден уметник, најдобро е да ги погледнете неговте дела на сајтот milostomic.com.

Зошто шахти?

Зошто некого би го фасцинирале шахите? Зошто да не? Го прегледувам неговиот сајт, па сфаќам - не постои нешто што не може креативно да се осмисли. „Шахтите и разните крпеници на асфалтот ги забележувам со години и размислувам: Што со нив и каде да ги ставам?“, вели Милош. На сајтот пишува дека шајтите, јаки, тешки, солидни, сериозни, го потсетуваат на одликувањата на дедо му од војната. Штом ги забележал, почнала игра во мислите, на хартија, најпосле и на асфалтот.

Како ги ставил таму?

Нашол скулптор кој направил калапи за мали бронзени шахти, леар ги излеал, „ги донесе во торба на станицата, едвај ги одвлечкав до дома“, се сеќава Милош. „Белград пат“ му дал дозвола да ги постави во жежок асфалт. Баш потоа уследило средувањето на Теразие и Призренска улица. А останала простата физика со примеси на добра забава.

Што значат пораките на нив?

Наместо пропишаното „Водовод и канализација“, кое се наоѓа на вистинските шахти, на шахтичките на Милош се појавуваат три необични пораки: „Се прашувам, се прашувам, каде е крајот на космосот“, „Леле, леле, девојки“ и „Опушти се и пелтечи“. Не е хаику. Не е загатка. Не е длабокоумна мисла. А не е ни бесмислица. Само е извлечено од некој за нас непознат контекст.

„Се прашувам...“ е дел од прераскажана приказна. Другарката МариЕ Ѓорѓевиќ некогаш одамна слушнала во шинобус еден заводнички потфат. Непознато момче се обидувало да воодушеви девојка која штотуку ја запознало. Ѝ зборувало сешто, се фалело, а потоа, на паузата, повеќе како за себе, ја изговорило таа мудрост, како баш сега да се прашува тоа - каде ли е крајот на космосот, како таквите грижи баш тогаш да го мачат, него - заводник и мудрец.

„Опушти се и пелтечи“ е моја мала парола на тема дека треба да се ослободат сите свои заплеткани комплекси - одвнатре и однадвор. И така да се опуштиш. И дека иако ќе се опуштиш (што во тоа време беше збор во мода и тоа ме нервираше), значи дури и кога ќе се опуштиш, со тоа не е решено сè, туку и понатаму останува тој твој невешт пелтечав јазик. Нема лесни катарзи и решенија, можеби најмногу што можеш да направиш е да се изразиш, баш со сите свои мани на јуриш! Ако некогаш покренам минијатурна музичка издавачка куќа, така ќе се вика.

„Леле, леле, девојки“, па тоа е вечна тема, чувството дека повремено ги посакуваш сите, мислам СИТЕ! А нема шанси. И потоа таа количина убавина на дофат на рацете, тука на улица, да кажам малку патетично, те боли. Мислам, среќен сум и убаво ми е како семеен човек, навистина се сакаме, ама понекогаш се враќа таа немирна состојба. Кога пред една година, пред спиење ја споделив таа дилема со мојот тогаш четииигодишен син, еве што ми рече: кога на улица ќе видиш некоја девојка која ти се допаѓа, речи ѝ: НЕМА ДА СЕ ОЖЕНАМ ЗА ТЕБЕ, ТИ СИ СРАЊЕ! Подобар, поесенцијален совет, уште не сум слушнал. И не постои. Дрен е мудрец“, ни објасни Милош во детали.


На крајот, можеби сме помудри, а можеби и не сме, но секако ни останува една сјајна приказна за следниот пат кога ќе поминеме низ Призренска улица.

Извор: www.redbull.com

ОкоБоли главаВицФото