Најдобрите корици на книги во 2014

15.12.2014 15:51
Најдобрите корици на книги во 2014

Каква е вредноста на корицата на книгата ако сè помалку луѓе купуваат книги од книжарници? Порано пребарував низ St. Mark’s Bookshop барајќи корици кои ми фаќаат око. Тоа беше возбудлив начин за откривање нови автори и дизајнот играше огромна улога. Сега, кога сè повеќе наидуваме на книги преку социјалните мрежи или преку интернет препораки, улогата на дизајнерот, на прв поглед, може да изгледа помалку важна.

Додека на дисплеј ги разгледував креативните решенија на книгите објавени во 2014 година, дизајнот, сепак, изгледаше релевантен како и секогаш. Ја обожавам фузијата на типографијата и илустрацијата за „Area X: The Southern Reach Trilogy“ на Џеф ВандерМеер, игривоста на серијата книги од Калвино на Mariner books; емоционалната суровост на „All Our Names“ на Динау Менгецу; мистериозниот полигон за „Your Face is Mine“ на Џес Роу; вандализираната корица на „American Fun“ од Џон Бекман... Сите овие примери покажуваат дека дизајнот на книгите останува вибрантен и есенцијален.

1. Дизајн на Рејчел Адам; „Never Love a Gambler“, Keith Ridgway.

2. Дизајн на Питер Менделсунд; „Silence Once Begun“, Jesse Ball.

3. Дизајн на Петер Менделсунд и Оливер Мандеј; „Into the War“, Italo Calvino.

4. Дизајн на Чип Кид; „Colorless Tsukuru Tazaki and his Years of Pilgrimage“, Haruki Murakami.

5. Дизајн на Оливер Мандеј; „The Silent History“, Eli Horowitz, Matthew Derby and Kevin Moffett.

6. Дизајн на Родриго Корал и Тајлер Комри; „Area X — The Southern Reach Trilogy — Annihilation, Authority, and Acceptance“, Jeff Vandermeer.

7. Дизајн на Изабел Урбина Пења; „All Our Names“ by Dinaw Mengestu.

8. Дизајн на В.Х. Чонг; „A Girl is a Half-Formed Thing“, Eimear McBride.

9. Дизајн на Габриела Вилсон; „The Third Plate — Field Notes on The Future of Food“, Dan Barber.

10. Дизајн на Шарлот Стрик; „Can’t and Won’t“, Lydia Davis.

11. Дизајн на Пабло Делкан; „American Fun“, John Beckman.

12. Дизајн на Оливер Мандеј; „Your Face in Mine“, Jess Row.

Извор: www.nytimes.com

Слични содржини

Графички Дизајн / Значења
Графички Дизајн / Музика
Графички Дизајн / Историја
Активизам / Графички Дизајн

ОкоБоли главаВицФото