Зашто ни е прирасната косата

16.12.2014 04:07
Зашто ни е прирасната косата

ЗАШТО НЕМАМЕ КОСА ПО ЦЕЛОТО ТЕЛО

Кога Адам и Ева погрешиле, срам ги било да се јават пред очите на бога. За да го избегнат погледот му се свиле седејќи на к’лбо и си ги туриле рацете над главите. Кога ги видел бог, им паднале косите, а каде пак не можел да ги види (на главата, под мишките итн.) останале.

Затоа сега немаме сек’де волна.

ЗАШТО НИ Е ПРИРАСНАТА КОСАТА

В старо време светот си ги симињале главите. Ќе си ја земат в раци главата и ќе си ја испоштат.

Една жена си ја симнала, па ја оставила на земја и влегла в куќи да го види јелото - ја заборавила. Дошло кучето, ја изело, си останала жената без коса.

На главата - си видел мртовечки глави - што има брчкули како запци - дотука лели косата расте? Таја страна како што држи, се вадела.

Господ тогај ја видел и сите ги прок’лнал:

-Отсега косата да ви е прирасната!

Извор: Преданија и легенди, избор и редакција: д-р Кирил Пенушлиски, Македонска книга, Скопје, 1969.

Слика: Virginia Mori

ОкоБоли главаВицФото