Адеми и Ристовски: Само да го изгласаме државниот испит, па ќе почне јавната расправа

16.12.2014 15:11
Адеми и Ристовски: Само да го изгласаме државниот испит, па ќе почне јавната расправа

Скопје, 16 декември 2014

Министерот за образование Абдилаќим Адеми и заменик министерот Спиро Ристовски на денешната прес конференција ги објавија новите предлог законски измени во областа на образованието, меѓу кои се наоѓа и државниот испит.

На забелешка дека факултетите сè уште не се изјасниле што мислат за реформата, како и тоа дека студентите масовно се изјаснуваат против, министерот и заменик министерот го изјавија следното:

„Се разбира дека нас ни е исклучително важно мислењето на оние за кои се наменети реформите, односно професорите и студентите. Токму затоа, најпрвин ќе почекаме да се изгласаат сите законски измени во Собранието, за што веќе се спремни нашите пратеници, а потоа ќе може да си почне јавната расправа. Откако ќе се изгласа државниот испит, студентите и професорите ќе може слободно и јавно да кажат дека се против“, децидни беа Адеми и Ристовски.

Извор: www.kozanostra.net