Даблин ги активира испразнетите простори

17.12.2014 11:24
Даблин ги активира испразнетите простори

Повеќеслојната криза која ја потресува Европа се интензивира од година во година, а стратегиите за излез очигледно не успеваат да одржат ритам со умножувањето на симптомите. Сепак, постојат некои парцијални настојувања за се ублажат последиците, а едно од нив е и она на Европската комисија која преку Конкурсот за проекти за социјални иновации го адресира проблемот на 27 милиони невработени во Европа и уште барем толку од оние кои не успеваат да се издржуваат со сопствената работа.

Еден од трите проекти кои пред неколку дена освоија (скромна) награда е и ирскиот Voidstarter во кој проблемот со невработеноста е вмрежен со уште еден симптом: испразнетите или никогаш населените згради изградени пред кризата. Според податоците на Европската унија, во Европа во моментов има повеќе од 4 милиони бездомници и повеќе од 11 милиони празни куќи. Како што наведуваат авторите во предлогот на својот проект, сите поголеми градови во Европа имаа „празнини“ настанати од причина што градските собранија немаат доволно средства за да ги претворат во простори за живеење, додека од друга страна, сите тие градови се соочуваат со недостиг од простор за бездомниците. Пред ирската влада е актуелен предизвикот на решавање на 1.300 недовршени градежни инвестиции, а Дојче Банк предупредува дека со моменталната стапка на раст на популацијата би биле потребни 43 години за да се наполнат празните куќи. Voidstarter би требало да им даде можност на невработените да стекнат искуство во преуредување на тие простори во простори за живеење. Конкретно, авторите на проектот предлагаат испразнетите недвижности во Даблин да се користат како привремени простори за учење и претприемачки инкубатори.

Без оглед на тоа како овој специфичен проект ќе се развива, интересно е да се забележи дека за само неколку години идејата за реапропријација на јавните простори се прелеа и во сферата на градските или приватните куќи, а ваквата награда индицира и еден вид институционализација на методите какви што применија, на пример, шпанските, италијанските, холандските, турските и демонстрантите во многу други европски земји, заземајќи ги плоштадите, парковите и јавните институции. Европската култура на сквотирање на испразнетите недвижности, втемелениот пристап настанат одоздола, на овој начин се провлекува од илегалниот и полуилегалниот статус во алатка за соочување со проблемите кои конвенционалните државни или градски институции не успеваат да ги решат.

Повеќето протести последниве години во Европа резултираа со привремено заземање на јавните простори со шатори, кујни, јавни библиотеки, простори за размена и комуникација, со ред на самоуправување. Јавните простори претворени во јавно добро луѓето ги населуваа според сопствени правила, така што протестите не беа само политичка акција, туку и колективен облик на живеење базиран на поделба на ресусрсите. Сквотирањето пак, како што вели Маргит Маер, е единствен облик на протестна активност во која лежи потенцијал за неверојатно ширење, бидејќи ја насочува акцијата на таков начин што ја преиспитува најважната институција на капиталистичкото општество: приватната сопственост. Фактот дека Европската комисија одлучува да го поддржи проектот кој е варијација на сквотерскиот модел, како и да спакуван и зад кои мотиви, со тоа е уште поинтригантен.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото