„Магаре-магаре“ - сликовница на Роже Дувуазан

18.12.2014 12:22
„Магаре-магаре“ - сликовница на Роже Дувуазан

Роже Дувуазан (1904-1980) е американски писател и илустратор роден во Женева, Швајцарија, кој е најпознат по своите илустрирани книги за деца. Студирал на École Nationale Supérieure des Artsе Décoratifs во Париз, а пред да почне да се занимава со илустрирање и пишување на детски книги, работел како дизајнер на разни декорации, сценографии, парчиња текстил и сликал мурали.

За своето творештво, тој е добитник на повеќе престижни награди, како Caldecott Medal за сликовницата „Бел снег, светол снег“ во 1947 година, Deutscher Jugendliteraturpreis (1965) и втора награда Ханс Кристијан Андерсен за детски илустрации во 1968 година.

Претходно на Окно го претставивме Дувуазан со илустрациите од книгата за деца „Јасмина“ (1973), а во оваа прилика ги издвојуваме неговите цртежи од „Магаре-магаре“ (1940).

Извор: myvintagebookcollectioninblogform.blogspot.com

Слични содржини

Уметност
Книжевност / Уметност

ОкоБоли главаВицФото