1030 hPa
74 %
0 °C
Скопје - Чет, 16.01.2025 02:59
Скопје, 18 декември 2014
Шестмесечниот Кристијан Марковски од Скопје, после цели три дена успеал да ја заспие својата мајка Ангела. Истакнува дека неговата упорност одиграла најголема улога, но и дека успехот се случил кога најмалку се надевал.
„Уште од нашите први заеднички денови, се обидувам да ја заспијам. Тоа е секогаш макотрпна работа, бидејќи мама знае да биде будна и по пет, шест денови. Понекогаш ми изгледа како да не сака да спие, постојано нешто прави и ме гњави, или ме преоблекува, ме капе и покрива, или ми го чисти папокот, носот и ушите. Веќе бев на работ на очајот и сè почесто се прашував зошто баш јас имам ваква мајка“, искрено раскажува Кристијан.
Додава дека со денови смислувал што би можело да ја заспие Ангела.
„Се трудев дење да ја изморам, а навечер да смислам некој трик. Понекогаш навечер се преправав дека спијам, ги затворав очите и молчев. Меѓутоа, таа ни тогаш никако не засиваше. Доаѓаше да ме покрива и да провери дали дишам“, раскажува Кристијан.
Признава дека почнал да губи верба во себе, затоа што постојано се прашувал што прави погрешно.
„Залудно со ноќи ѝ пеев, ја кубев за коса и ѝ го штипев лицето. Се чинеше дека нема ефект ни кога се галам околу нејзините гради, а можев да го правам тоа и по десет пати дневно. Понекогаш бев толку очаен, што од немоќ со часови плачев и ѝ се лутев, молејќи ја во себе конечно да се смилува и да заспие“, додава тој.
Кристијан се надева дека мајка му повеќе нема да му приредува бессони ноќи, зашто колку и да е убаво да се има мајка, признава дека понекогаш се прашува себеси дали бил спремен на сево ова.
Извор: www.njuz.net