1033 hPa
93 %
-3 °C
Скопје - Саб, 14.12.2024 03:59
Подмладениот водопад
Бевме тројца живи и две сенки
Посакавме да го походиме
Тајното место на нашата младост
Нашиот водопад
Негде на Вршачкиот брег
Не можам да кажам каде
Стоиме крај водопадот
Тука е го слушаме
Но не го гледаме
Обраснал во младо шибје
И жолти цветови од глог
Некој од нас низ заби процедува
Лесно е за него
Кога може своите години во себе
Да ги раствора и згрутчува
Во селото на прататковците
Некој ме прегрнува
Некој ме гледа со волчји очи
Некој симнува шешир
Подобро да го видам
Секој ме прашува
Знаеш ли ти кој сум јас
Непознати старци и старици
Присвојуваат имиња
На момци и девојки од моето сеќавање
Прашувам и јас еден од нив
Живее ли богати уште
Георгиј Курја
Тоа сум јас одговара тој
Со глас од оној свет
Со дланка му го погалувам образот
И со очите го молам да ми кажа
Живеам ли уште јас
Игра на создавање на светот
Ние прцули од Забавиште
Си играме за време на одморот
Во портата на Соборната црква во Вршац
Избираме еден да биде брег
Друг да биде река
Брегот прави два степеника
Од испружени дланки
Реката го вади курот
И пушта тенок млаз да паѓа
Од дланка на дланка на земја
Ние другите се дереме
Во-до-пад
Сад сад сад
И бараме да ни се доделат
Главните улоги во играта
Волчјото потекло
Под липите во Песак
Прадедото мој Илија Лука Морун
Најде две волчиња
Ги стави меѓу ушите на магарето
И ги однесе на салашот
Ги хранеше со овчјо млеко
И ги учеше да си играат
Со јагнињата врсници
Ги врати оснажени
На истото место под липата
И тука ги изљуби и прекрсти
Од детство чекам
Бројот на годините
Со прадедовите да ми се изедначи.
Па да го прашам
Кое од оние две волчиња
Бев јас
Скршените рогови
Мојот дедо Милош Попа Немец
Изговорил велат дур бил жив
Помалку зборови од немите од раѓање
Затоа умеел да го потстави грбот
Под зелен вол
И полека да го дигне од земја
Волот ги закопувал
Сите четири нозе во воздух
И ги забодувал роговите в небо
Луѓето стоеле в круг
Ги фрлале шубарите во вис
И наопаку се крстеле
Во сон го молам деда си
Да ми каже каде можам да го најдам
Стариот наш бог на стадото
Дедото стои пред мене нем
Со скршени рогови на главата
Гифови: Isabel Chiara
Избор и превод: П. В.
Извор: Живо месо, 1975