Адеми со понуда до студентите: Ќе играме жмурка, ако ме најдете, ќе го укинеме екстерното

19.12.2014 14:48
Адеми со понуда до студентите: Ќе играме жмурка, ако ме најдете, ќе го укинеме екстерното

Скопје, 19 јануари 2014

Министерот за образование Абдулаќим Адеми во фејсбук порака до неформалната органзиација Студентски пленум предложил тој и студените да играат жмурка, па победникот да одлучи дали ќе се спроведе идејата за екстерно тестирање т.е. државен испит.

„Студентите треба да бројат до 1001 и назад, па во договорено време да почнат да ме бараат. Доколку успеат да ме најдат, да стигнат пред мене до зградата на МОН и да речат 'пу, министре', ќе ја укинеме мерката за екстерно тестирање“, изјави Адеми за Пара вести.

Студентите сè уште не одговориле на оваа примамлива понуда од министерот, но неофицијално дознаваме дека повеќето од нив се уплашени затоа што вештините за криење кои ги демонстрираше Адеми навистина се за почит.

„Скоро сите студенти како деца играле жмурка, на некој начин сите имаме искуство, но се плашам дека во дисциплината криење никој од нас не може да се мери со министерот“, вели Т.С., 21-годишен студент од филозофскиот факултет во Скопје, кој смета дека протестирањето на виделина е подобар метод отколку играњето жмурка.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото