#youthawakening - саркастични пораки и фотографии за проблемите на струшката младина

23.12.2014 16:37
#youthawakening - саркастични пораки и фотографии за проблемите на струшката младина

Online кампањата #youthawakening е производ на Иницијативниот одбор на Локалниот младински совет на општина Струга, чија цел е преку саркастични фотографии од реални проблеми да ја подигне свеста кај струшката младина за проблемите со кои таа се соочува, да промовира култура на младински активизам и да ја презентира идејата за формирање на локален младински совет во општина Струга чија функција и цел ќе биде младински активизам, демократска култура и да ги застапува интересите на младите во процесот на донесување одлуки во општина Струга.


Оваа кампања ќе кулминира со настан кој ќе се одржи на 24.12.2014 (среда) чија цел е да им понуди на младите канал преку кој ќе можат да го искажат своето мислење и потреби кон општината, да ја промовира потребата од локално младинско здружување и да ги позиционира младите како релевантен фактор во процесите на донесување одлуки кои ги засегаат.

Оваа акција е дел од проектот „Развој на локално младинско учество и локални младински политики“ на Младински образовен форум и Центар за меѓукултурен дијалог, финансиран од Европската Унија.

ОкоБоли главаВицФото