1013 hPa
78 %
20 °C
Скопје - Пон, 09.09.2024 05:59
Апсолутно ја поддржувам борбата на македонската академска заедница, нејзините едукатори и студенти, против политичката инструментализација на сите образовни институции. Тој процес, за кој малку се пишува - делумно и затоа што професаријатот, одбивајќи да се занимава со „политика“, лесно станува слуга на политичките режими - го следам веќе дваесетина години. Тој се одвива речиси во сите пост-југословенски образовни средини. Беше наивно да се очекува дека културата и образованието ќе останат надвор од интересот на таканаречените „транзициски процеси“, односно преземањето на финансиска, политичка и идеолошка моќ. Новата власт влезе во детските градинки, што би можело да ја спречи да влезе и на факултетите!? Тоа сте вие, професори и студенти. Борете се, образованието е ваша струка, ваша работа и иднина на вашите деца. Согласувајќи се со политичката инструментализација на образовните институции, ја укинувате иднината на децата.
Дубравка Угрешиќ