АЈДЕ!

24.12.14 13:31

Пред Собранието на Република Македонија, вчера, 123 граѓани и граѓанки ја промовираа платформата за граѓанска политика – АЈДЕ! Членовите на АЈДЕ, седнати на столчиња наспроти Собранието, а пред споменикот на АСНОМ, симболично им порачаа на пратениците, но и на власта дека граѓаните се извор на суверенитетот и дека демократијата не е можна без активни, слободни и здружени луѓе.

Дискутирајќи за тоа дека политиката им припаѓа на граѓаните, претставниците на АЈДЕ истакнаа дека оваа платформа претставува неформална, но организирана група слободоумни поединци со различни идеи и ставови, која сака да ги зајакне и здружи расцепканите демократски сили во земјата.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото