2-годишнината од црниот понеделник одбележана со турнир во ултимејт-фајт во Собранието

24.12.2014 14:28
2-годишнината од црниот понеделник одбележана со турнир во ултимејт-фајт

Скопје, 24 декември

По повод 2-годишнината од насилното исфрлање на новинарите и пратениците од Собранието, денес беше одржан мал турнир во ултимејт-фајт во собраниската сала. На овој начин власта сакаше да ја покаже непходноста од дијалог и неоправданоста и деструктивноста на опозицискиот бојкот.

Поради отсуството на пратениците од опозицијата, борците од власта мораа да удираат во боксерски вреќи и картонски макети, а претседателот на Собранието Трајко Велјановски прогласи службена победа на власта.

„Симулирањето тепачка го нарушува угледот на Македонија во светот и негативно се одразува врз нашите евроатлантски интеграции. Ја повикувам опозицијата да го стави државниот интерес пред партискиот и да дојде повторно да биде истепана во собранието“, изјави Велјановски за Пара вести.

Единствената вистинска тепачка на пригодниот настан се случи меѓу двајца пратеници од ДУИ кои се скараа околу поделба на надлежностите на трафика во Тетово.

Слика: Свирачиња