Предавници на издаваштвото

25.12.2014 02:51
Предавници на издаваштвото

Јавната расправа по повод Предлог-законот за издавачка дејност, за која никој немаше поим ни дека почнала, уште помалку дека се одржала - така е речиси со јавноста на сите расправи што ги организира владата (да се потсетиме на таа по повод екстерното за студентите, на пример) - заврши вчера или завчера, сеедно. Важно е дека министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во завршниот збор рече дека „Република Македонија е една од ретките земји во светот, која со исклучително внимание настојува да го унапреди книжевниот, творечкиот, преведувачкиот и издавачкиот амбиент во државата“.

За да се види како Република Македонија (читај: владата, односно партијата ВМРО-ДПМНЕ) го унапреди издавачкиот амбиент, не треба исклучително внимание. Доволно се гледа и од министерката. Таа рече дека во 2007 година (кога партијата дојде на власт и се соедини со државата) имало 300, а сега се 700 издавачки куќи. Најголем број од нив се човек-фирма или автори што сами си ги издаваат своите дела, што значи дека „издавачките куќи“ немаат уредник, преведувач, рецензент, лектор, коректор, ликовен и технички уредник, дека само четириесетина издаваат повеќе од 10 дела годишно... Затоа, Македонија не е една од ретките, туку е единствена земја во која со вакво уривање и уништување на елементарните стандарди – не само во издаваштвото – се унапредува амбиентот во државата.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото