Дедо Мраз доаѓа од Кина

27.12.2014 02:46
Дедо Мраз доаѓа од Кина

Ако верувавте дека Дедо Mраз живее некаде во арктичкиот појас и дека деновиве со санка се спушта кон нашите домови за да ни ги донесе подароците кои цела година ги подготвувал, овој текст би можел да ве разочара. Дедо Мраз денес цела година престојува во Кина, поточно во градот Јиву, од каде до нашите домови доаѓа со големи товарни бродови.

Следејќи ги токму тие бродови, експедицијата во организација на студиото Unknown Fields Division, дошла и до овој град познат по Јиву Маркет, најголемиот светски пазар на ситни производи. Средбата со празничните штандови ја опишува Ден В., еден од учесниците во експедицијата: „Првите звуци на божиќна музика оваа година ги чув во одделот 1. Беше 1 август, 27 степени надвор, а песната 'All I Want For Christmas' доаѓаше од штандот на кој се продаваа капи од Дедо Мраз. Околните штандови беа преполни со вештачки новогодишни елки, топчиња и чорапи.“

Повеќе од половина новогодишни и божиќни украси во светот доаѓаат токму од овие штандови. Најголем дел од овие пластични производи се произведуваат во непосредна околина на градот. Познат како Кинеско божиќно село, Јиву е град во кој се сместени 600 фабрики од кои доаѓаат божиќните декорации. Во нив не работат, како што гласи легендата, џуџињата на Дедо Мраз, туку претежно работници мигранти кои дошле да заработат нешто и ако имаат среќа, по една или две години да побегнат назад во своите домови. Во фабриките и по 12 часа дневно тие ги бојат во црвено пластичните украси или убавите ѕвездички на капите. И сето тоа за кинески минималец од 250-350 евра месечно.

Повеќето работници не се ни баш сигурни што е тоа Божиќ. На трагата на експедицијата Гардијан деновиве ја донесе и приказната за таткото и синот кои дошле во Јиву да заработат пари за женидбата на синот. Нивната секојдневна работа, во текот на цела година, е да бојат ѕвезди и други пригодни облици од стиропор во црвено. На фотографиите ги гледаме од глава до пети опсипани со црвен прав, во простори во кои сè околу нив е црвено. Велат дека менуваат и по десет маски дневно за да не ја вдишуваат црвената прашина. За нив божиќните и новогодишните празници траат цела година, а светкавите декорации сигурно не им ја галат душата.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото