Диме Спасов: Не е лесно, ама се живее од министерска плата

27.12.2014 15:40
Диме Спасов: Не е лесно, ама се живее од министерска плата

Скопје, 27 декември 2014

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денес за Пара вести изјави дека е можно да се работи министерска работа и со ваква плата да се биде мотивиран ако човек навистина верува во нешто.

Тој напомена дека членовите на македонската влада имаат помали плати од своите колеги во земјите од ЕУ и дека секако заслужуваат повеќе, но дека од министерските плати сепак е можно некако да се преживее.

„Следната година ќе биде година на штедење, чат-пат некое ново задолжување, па македонските министри ќе мораат некако да преживеат со своите плати за да ја протуркаат 2015 и да ја дочекаат 2016 година, кога нè очекува подобар живот“, рече Спасов.

Еден од министрите кој бараше да остане анонимен вели дека толку верува во ангажманот на владата за подобрување на економската состојба во земјава, што е спремен да понуди и намалување на неговата плата, сè додека не му ги чепкаат дневниците и местото во неколку управни одбори.

Извор: www.njuz.net

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото