Атеистите се дискриминирани во сите земји во светот

29.12.2014 10:36
Атеистите се дискриминирани во сите земји во светот

Атеистите, агностиците и „хуманистите“ (секуларните хуманисти) сè повеќе се мета на кампањи на омраза или предмет на говор на омраза, но и дискриминаторски закони, покажува најновиот извештај „Слобода на мислата“ (Freedom of Thought 2014) на организацијата International Humanist and Ethical Union.

Извештајот покажа дека сè повеќе политички и верски водачи пропагираат вакви кампањи и реторика против оние кои не веруваат во постоење на бог.

Овој извештај навлегува длабоко во проблематиката на односот кон атеистите и покажува изненадувачки податоци.

Во 12 земји поради атеизам е можна смртна казна. Во 2014 година во Египет се погубени луѓе кои се изјасниле како атеисти, а Саудиска Арабија донесе закон кој го третира атеизмот како тероризам. Во мај 2014 година, премиерот на Малезија ги нарече секуларизмот, секуларниот хуманизам и либерализмот девијантни.

Меѓутоа, ситуацијата не е ваква само во овие земји, туку и кај некои секуларни нации „проблемот“ на атеистите е третиран најблаго кажано проблематично.

Според извештајот, постојат пет облици на односи кога станува збор за атеизмот: тешки повреди на правата, тешка дискриминација, системска дискриминација, однос кој е главно задоволителен и слободен и рамноправен однос.

Најмал е бројот на земји кои не забележуваат никакви проблеми во односот кон атеистите, а тоа се: Белгија, Естонија, Луксембург, Фиџи, Сиера Леоне, Тајван, Науру, Кирибати и Косово.

Во продолжение можете да ја погледнете интерактивната мапа на која можете да ја проверите состојбата од секоја земја вклучена во извештакот, а целосниот извештај можете да го преземете овде.

 

Извор: iheu.org