Нови законски измени – отказ за сите професори, на студентите ќе им предава премиерот

29.12.2014 17:23
Нови законски измени – отказ за сите професори, на студентите ќе им предава премиерот

Скопје, 29 декември 2014

Откако денеска премиерот и магистер Никола Груевски ги лоцираше мотивите на дел од професорите да ги поддржат студентите – во тоа што ги мрзи да пишуваат научни трудови во светски реномирани списанија - експресно се смислени нови измени во Законот за високо образование.

Бидејќи премиерот не им верува на професорите и смета дека се мрзи невидени на кои не им се работи, тој решил сите колективно да ги избрка од работа, и во новите законски измени да пропише дека отсега сите предавања на студентите ќе ги извршува лично тој, како најголема научна величина што некогаш ја видела планетата Земја.

„На професорите не може да им се верува, мислам дека се организирани од Сорос, и којзнае на што сè ги учат студентите. Тоа мора веднаш да се запре! Мислам дека единствено јас можам да ја преземам таа одговорност и таа чест да им предавам на студентите и да им го предадам целото мое знаење и мудрост – истакна премиерот Груевски.

Бидејќи премиерот физички не може да стигне да преродува држава и истовремено да предава на сите факултети, предавањата ќе бидат во облик на владини седници кои ќе се пренесуваат во живо на телевизија, и на кои тој ќе ги описменува студентите. Потоа, тие ќе треба да го докажат своето знаење со полагање на државен испит.

Отпуштените професори, пак, ќе бидат прераспределени на работно место – копачи на злато во Анска река под раководство на проф. д-р Хорхе Паљурски.

Извор: www.kozanostra.net