Новогодишната порака на Рамбо Амадеус

31.12.2014 08:42
Новогодишната порака на Рамбо Амадеус

Луѓе, среќна нова 2015 година!

На сите фанови им посакувам среќни цивилни и верски празници, Нова Година, со желба во новата година сите да работите полно работно време и тоа баш она што го сакате и знаете, и да можете нормално да живеете од тоа.

Секако, таа ситуација нема сама да падне од небо, целта ќе ја постигне само оној кој претходно си ја поставил. Идејата, за да биде реализирана, мора претходно да биде детално смислена.

За да дојдете до идеја, почнете од желбата. Што сакате да работите?

Ако воопшто не сакате да работите, тогаш овој совет не вреди.

Исто така, на сите ви посакувам добро здравје. Внимавајте што и колку јадете, зашто баба ми велеше дека здравјето влегува низ устата, но тоа значи дека и болеста влегува низ устата, а интернетот е полн со совети на таа тема, повелете прогуглајте.

Наутро, штом ги отворите очите, испијте лимонада со млака вода без шеќер, така си го вратив апаратот за варење во регрутска состојба.

А, да, и ова е важно, водата од чешма смрзнете ја во пластично шише, па стопете ја на дневна светлина, бидејќи така целиот каменец ќе се наталожи на дното, а вие ќе пиете квалитетна вода од вашиот приватен глечер! Поевтина е и подобра од флашираната!

И внимавајте со кого се дружте. Глупавиот пријател прави повеќе штета од интелигентниот непријател. Проверено. Најважно е да имате барем двајца за кои знаете дека се попаметни од вас. Јас имам, иако ми е тешко да признаам.

Во време на вирутелна комуникација, најдобро е да го намалите бројот на пријатели на фејсбук, но да го зголемите критериумот според кој ќе бирате чии постови ќе ги следите. Времето е најскапо. Подобро е да зјапате во една точка отколку да го оптоварувате мозокот со будалаштини.

Зашто, гледањето во една точка е медитација. Оптоварувањето со будалаштини е... ментално труење.

Гардеробата и сите останати работи менувајте ги меѓу себе, размената е најстар облик на трговија, не ви требаат динари за тоа, а апсолутно го задоволува древниот колекционерски рефлекс.

И секако, не заборавајте дека моите концерти и вечери на гломазна поезија се забавни и поучни истовремено, по програмата сите излегуваат ментално побогати и емоционално посвежи, полни со елан и идеи, па картата која ќе ја платите не може да се третира како трошок, туку како инвестиција, како во моето дело, така и во вашиот развој.

Среќна Нова Година!

Извор: Фејсбук профилот на Рамо Амадеус

ОкоБоли главаВицФото