Најдобрите вицови за груевизмот во 2014!

01.01.2015 17:31
Најдобрите вицови за груевизмот во 2014!

ВМРО-ДПМНЕ

 

Зараза или паразит?

Разговараат двајца вмровци:
-Каде работиш, пријателе?
-Во Институт за заразни и паразитни болести.
-Како зараза или како паразит?

 

Услови

Некој селанец се јавил во штабот на ДПМНЕ:
-Ало, на телефон Перо од Дељадровци, дали е тоа штабот на ВМРО?
-Да, што ви треба?
-Сакам да станам пратеник од вашите редови, што треба за тоа?
-А ти да не си будала?
-Да, сум, а треба ли уште нешто?

 

Јавачи на апокалипсата

-Кои сте вие?
-Четворицата јавачи на апокалипсата: Војна, Смрт, Епидемија и Глад.
-А кој е овој абдал со вас?
-ВМРО е тоа. Стажира.

 

Анкета

Правеле анкета меѓу државните административци:
-Ако утре има избори, за кого ќе гласате?
56% одговориле ВМРО, а останатите 44% добиле отказ.

 

Гласач воскресе

Велигденски поздрав во штаб на ДПМНЕ:
-Гласач воскресе!
-Вистина воскресе!

 

Слоган

Предизборен слоган на ДПМНЕ: Мртов гласач, добар гласач!

 

Тендерче

Прав вмровец девојка му нагалено ја вика тендерче. Затоа што ја лапа.

 

Ситен лопов

Полицајци фатиле некој џепчија и пред да почнат да го тепаат во станица, го прашале, за секој случај:
-Дечко, да не си ти вмровец?
-Не бе, јас сум ситен лопов.

 

Правилно

Малиот Трпе ја прашува учителката:
-Учителке, како се вели правилно: „невработен“ или „не е од ВМРО“?

 

Мачиња во ДПМНЕ

Им купил Грујо на ќерките пет мали мачиња.
-Гледај тато, сите пет се кај тебе во партија! - рекле девојчињата.
По три дена, ќерките пак разговараат за мачињата:
-Гледај тато, три мачиња се кај тебе во партија!
-Како три, па нели беа сите пет?
-Беа, ама две прогледаа.

 

Тужби

Сто луѓе - сто каприци. Сто вмровци - 2000 тужби за клевета.

 

Политичар од ДПМНЕ

Разговараат тројца човекојадци. Првиот вели:
-Пред некој ден изедов еден старец. Слаб, коска и кожа, тврд како ѓон. Ми се слоши!
Вториот вели:
-Пред некој ден изедов еден млад човек. Дебел, мрсен, само сало... За никаде!
Третиот рекол:
-Јас пред некој ден изедов баш фина порција! Посебен вид: политичар од ДПМНЕ! Почнуваш од главата - внатре путер! Доаѓаш до ’рбетот - нема коски, кревко. Доаѓаш до задникот - а внатре уште пет политичари!

 

Остај малку огнот да се разгори

Се запалил музејот на ВМРО, но брзо стигнала пожарникарска бригада. Еден од пожарникарите агилно ја дофатил пумпата.
-Чекај малку - го посоветувал командирот. -Остај малку огнот да се разгори, подобро да видиме што правиме!


ФАМИЛИЈАТА

 

Заедничко

-Што имаат заедничко оној што краде и оној што лаже?
-И двајцата седат во владата на Грујо.

 

Студ

Двајца пријатели разговараат во кафеана. Првиот ги трие рацете и се жали:
-Леле, ама е ладно надвор!
-Знам. Толку е ладно, што кога поминав пред влада, го видов премиерот со рацете во неговите џебови!

 

Време

-Зошто во македонските амбуланти и болници се чека со часови?
-Затоа што Тодоров слушнал дека времето лечи сè.

 

Поплака

Шетаат Грујо и Ставревски маскирани меѓу народот, за да го видат расположението меѓу луѓето. По половина час шетање, Грујо му се жали на Ставревски:
-Види го народов! Се жалат дека нема пари, а сите се шетаат со по два бубрега!

 

Деловен простор

-Зошто Латас вади здрави заби?
-Го шири деловниот простор.

 

Виц од десет години

Судија излегува од судницата и гласно се смее во ходникот.
-Зошто се смееш, го прашал колегата.
-Само што слушнав супер виц за Мијалков.
-Ај кажи ми го.
-Да не си будала? Само што осудив човек на десет години затвор за вицот.

 

Исто е, ама не е исто

Заев во една од нивните сеанси на надмудрување, го прашува Грујота што е тоа: „Исто е, ама не е исто“. После долго мислење, Грујо се предава и Заев почнува да му објаснува: „Е, па, Грујо, тоа е кога сега јас би го ставил мојот пенис во твојот задник. Во тој момент и ти имаш пенис во задник и јас имам имам пенис во задник. Е, тоа е исто, ама не е исто“.


МАКЕДОНИЈА ПОД ГРУЕВИЗМОТ

 

Богати vs. сиромашни

Проблемот со гладот во Македонија не е што не можеме да ги нахраниме сиромашните, туку тоа што не можеме да ги нахраниме богатите.

 

Скопски воздух

-Зошто скопскиот воздух е најдобар за дишење?
-Затоа што гледаш што дишеш.

 

Инфузија

Пациент во македонска болница прашува:
-Колку пари е една инфузија?
-700 денари.
-Стави ми за 200.

 

Инженери

Во еден ресторан имало тројца инженери: Американец, Германец и Македонец. Македонецот им пришол на другите двајца и прашал:
-Повелете, што ќе се напиете?

 

Просечен живот

Живот на просечен Македонец:
Се раѓаш.
Учиш.
Учиш.
Учиш.
Гласаш.
Работиш за 8000 денари.
Гласаш.
Брак.
Гласаш.
Деца.
Гласаш.
Внуци.
Гласаш.
Умираш.
Гласаш.

 

Вода

Во кафеана во Аеродром муштерија нарачува вода. Келнерот прашува:
-Обична?
-Не, крстена.

 

Пуштање

-Како се пушта аеродромец?
-Маче, ај те носам вечер на литургија.

 

Расколник

-Како го викаaт попот што место Q7 ќе земе А6?
-Расколник!

 

Затвор и слобода

Шиповиќ е доказ дека можеш да бидеш истовремено на две места. На слобода и во затвор.

 

Вратоврска и опашка

-Koja e разликата меѓу вратоврската на Хорхе и опашката на кравата?
-Опашката на кравата го покрива целиот шупак.

 

Жив ѕид

Македонија игра квалификациски натпревар. Противничкиот тим изведува слободен удар, а фудбалерите од живот ѕид се вртат кон голот. Голманот налутен вреска:
-Што правите?! Свртете се кон топката!
А играчите одговараат:
-Сакаме и ние да го видиме голот!

 

Казни

-Погрешно паркирање: цела плата во Дрекслмаер.
-Минување на црвено: 18 плати во Маркарт.
-Брзо возење: 54 плати во штипска конфекција.

 

Броење овци

Броењето овци пред спиење не помага. Напротив, се појавуваат нови прашања. Од каде се тие овци? Ги има ли во избирачки? За кого ќе гласаат?

 

Парламент

Во Ресен има ресторан што се вика Парламент.
Во Скопје има парламент што е ресторан.

Слики: Свирачиња

Најдобрите вицови за груевизмот

2013

2012

2011

2010

2009

 

Слични содржини

Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура

ОкоБоли главаВицФото