Македонија прва во регионот влезе во Новата година

02.01.2015 12:49
Македонија прва во регионот влезе во Новата година

Скопје, 2 јануари 2015

Македонија од сите земји во регионот прва влезе во 2015 година, уште еднаш покажувајќи дека е регионален лидер во сè.

Македонија во Новата година влезе пред сите останати околни земји, и тоа не само астрономски гледано. Имено, Нова година во Македонија стигна порано отколку во земјите кои се источно од нас, како што е Бугарија.

По повод убедливата победа на земјава над останатите држави при влегувањето во 2015 година, се огласи и премиерот Никола Груевски на вонредна конференција за печат.

„Уште кон крајот на 2014 имавме навестување дека први во регионот ќе влеземе во Новата година, но не бевме сосема сигурни и го чекавме исходот за да излеземе во јавност со информаци. Македонија прва влезе во Новата година, со што докажавме дека нашата земја се држи до дадениот збор и ги исполнува своите ветувања“, рече Груевски.

Коментирајќи го првиот голем успех на земјата во 2015 година, Никола Груевски рече дека буквално сите го поддржуваат влегувањето на Македонија во циклус од нови 365 дена.

„Овој подвиг на Македонија сите го дочекаа со одобрување, од ММФ и Светската банка, преку Европскиот парламент и НАСА, па сè до Македонското астрономско друштво. Тоа е најдобар доказ дека сме на добар пат“, изјави македонскиот премиер и оцени дека Македонија треба да го искористи залетот кој го фати и прва да влезе во претстојните божиќни празници.

Извор: www.njuz.net