Уметник кој им подарува втор живот на непосакуваните слики

02.01.2015 13:08
Уметник кој им подарува втор живот на непосакуваните слики

Уметникот Дејвид Ирвин користи веќе завршени, непосакувани слики и им дава втор живот благодарение на неговите урнебесни интервенции. Тој го нарекува тоа „Пре-насочена уметност“, а оригиналите се дела кои ги наоѓа во продавници кои продаваат производи по многу ниски цени, распродажби во дворови, а некои ги наоѓа на улица. Потоа Ирвин им додава на сликите елементи од поп-културата, насликувајќи ликови како Дарт Вејдер, Бетмен или Бамби во веќе присутните идилични природни или урбани пејзажи. Со оваа постапка, тој ги трансформира наративите на овие заборевени дела во нешто што е ведро и смешно.

Ирвин често го имитира стилот на оригиналната слика во поглед на изборот на боите, светлината и потезите со четката. Но понекогаш сосема го игнорира ова со цел да создаде визуелен контраст. Без разлика на тоа како избира да работи, „Пре-насочена уметност“ во суштина има благородна цел - ги спасува отфрлените слики за да можат луѓето повторно да уживаат во нив.

Извор: www.gnarledbranch.com

ОкоБоли главаВицФото