Улогата на МПЦ е преценета, целата таа приказна дека МПЦ е темелот на Македонија и дека без неа ќе исчезнеме е глупа приказна за мали деца

03.01.2015 13:28
Улогата на МПЦ е преценета, целата таа приказна дека МПЦ е темелот на Македонија и дека без неа ќе исчезнеме е глупа приказна за мали деца

МПЦ е една групација на цркви, манастири и верници кои одат таму да фантазираат, да палат свеќи и да зборуваат со некои нацртани батки со бради и некои смешни облеки. Тоа е нешто како невладина организација, како друштво на љубители на џипови, мотори, животни, еколошки друштва, планинари итн...

Само затоа што е масовна огранизација и затоа што е претенциозна организација која си замислува дека е столбот на опстанокот на еден цел народ и една цела држава, тоа сепак не значи дека тоа е точно. Велат дека МПЦ постоела илјадници години, ама Македонија немаше да стане држава и македоснкиот народ немаше да опстои ако не беше едно незапамтено курвариште, атеист, бравар, револуционер т.е. силеџија со оружје, практично дивјак, комуњара кој на Македонија ѝ даде држава, а потоа народот како последица на тоа се дефинираше себеси со правопис, книги, образование, симболи, институции итн. итн... Така што сета таа приказна дека МПЦ била заштитиник на македонштината е голо маде, кур се тресе у ладна вода...

Македонците се и муслимани, и атеисти како мене и како тогаш МПЦ сите нас нè чува?! Таа приказна за важноста на МПЦ е само една фантазија која им одговара на политичарите и на МПЦ, па државата ѝ дава на МПЦ милиони евра за цркви, се негува нереален респект за владиците, а од друга страна пак владиците им возвраќаат на политичарите со тоа што ги канат на разни празници за овие да се сликаат пред камери и да им се додворуваат на илјадниците верници...

Сè уште како општество сме во фаза кога и најголемите атеисти се тивки и го кријат тој факт, безмалку атеизмот е забранет како и хомосексуалноста, значи скриена во шифоњер. Дури и најлибералниот весник како што е Вест, кој секој ден е со пички, цицки, газови, танги, мрежи, пениси, вибратори, секс ќоше во кое редовно им се предлага на читателите да пробаат тројки, оргии, секс помагала, садо мазо и слично, сепак за Божиќ во тој весник се дели најдобриот верски календар, се прават интервјуа со владици, се разглабаат спорните црковни прашања со нашите соседи наместо да се атакува на целата таа идеја за религија како најголема глупост и заблуда од колосални размери.

Либералните продори на запад се последица на таа борба на медиумите со црковните догми и сфаќања и преку долготраен процес се намалува силата на црквата и конзервативната заедница. Како последица на тоа општествата се определуваат за полиберални вредности и случувања, се озаконуваат геј бракови, посвојување деца од геј парови, веронауката се трга од образовниот процес, се прмовира логично размислување, отворено општество без предрасуди и суеверие.

Ние сè уште сме во развојот како САД или западна Европа во раниот 20-ти век. Време е да тргнеме напред!

П.С. Овие денови го носев бебето на белодробно во Козле. Бев фрапиран од тоа колку е таа болница на врвот на Водно недоизградена и аматерска. Бараки расрлани по еден рид, детенцето се носи од една во друга барака, надвор е -40, дува ветер, детето има бронхитис затоа и се носи таму, нема затворени коридори, врне снег врз вашето дете додека го носите од барака во барака итн. А од друга страна, овие неколку години се изградени цркви, манастири и крстови во вредност од 50 милиони евра! Градби во кои одиме да се молиме да за нашето здравје и здравјето на нашите најдраги?! WTF?!

Извор: Мактел, 30.12.2014.
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото