Жителите на Реканскиот крај: Пуштете струја, уште не сме го гледале обраќањето на премиерот

05.01.2015 12:05
Жителите на Реканскиот крај: Пуштете струја, уште не сме го гледале обраќањето на премиерот

Скопје, 5 јануари 2014

По скоро една недела без струја денеска со соопштение се обратија жителите на селата од Реканскиот крај. Тие велат дека се разочарани од ненавремената реакција на надлежните.

„Некако се преживува во темнина, се гледаме со свеќи или си легнуваме порано, ги пропуштаме новите епизоди од Сила, Мирниот сокак и Белото памукче, ама и тоа не е страшно. Единствено сме загрижени дека, ако не добиеме струја за брзо време, ќе го пропуштиме новогодишното обраќање на премиерот. Ни кажуваат роднини и пријатели дека било многу добро, толку многу добро што го гледале по цели денови, и веќе го научиле напамет. Се плашиме дека телевизиите ќе престанат да го пуштаат, па ние нема да ја имаме таа чест да го видиме, и тоа многу нè натажува. Затоа, испраќаме апел до ЕВН што побрзо да ни пушти струја за да можеме да го видиме“, стои во соопштението.

Сличен проблем имаа и други делови од охридскиот, струшкиот и преспанскиот крај, но во меѓувреме добија електрична енергија и сега се задоволни бидејќи повеќе пати досега го гледале обраќањето.

Од Владата и од телевизиите смируваат и апелираат граѓаните да не се грижат бидејќи обраќањето ќе го пуштаат во текот на целиот месец јануари, па сите ќе имаат можност да го видат.

Извор: kozanostra.net

ОкоБоли главаВицФото