Волкот и овчарите

05.01.2015 14:10
Волкот и овчарите

ВОЛКОТ И ОВЧАРИТЕ

Некој волк минувал покрај колибаата на овчарите и видел дека тие вечераат.

„Влези“, иронично рекол еден од нив, „и земи си малку од нашето омилено јадење, овчи бут“.

„Благодарам“, рекол волкот оддалечувајќи се, „но ќе мора да ме извините; штотуку јадев грб од овчар“.

ВИСТИНАТА И ПАТНИКОТ

Еден човек кој патувал низ пустина сретнал жена.

„Која си ти“, прашал човекот, „и зошто се наоѓаш на ова ужасно место?“

„Се викам Вистина“, рекла жената, „И живеам во пустината за да бидам блискудо моите обожаватели кога доаѓаат од кај нивните пријатели. Сите доаѓаат, порано или подоцна“.

„Па“, рекол човекот гледајќи наоколу, „земјата овде не изгледа баш густо населена“.

Превод: Иван Шопов
Слика: Catherine G McElroy

ОкоБоли главаВицФото