Коледарски еротски народни песни

06.01.2015 02:21
Коледарски еротски народни песни

* * *

Коледе, бабо,
Качи се на стапов,
Да го видиш Ѓоре,
Со курот голем,
Да го видиш Раде,
Со пет ока маде,
Да го видиш Аврам,
На кур да го наврам,
Да го видиш Недан,
Од Танаско ебан,
Да го видиш Стамена,
Со курот до рамена,
Да ја видиш Роса,
На кур што ја носат,
Леле блазеси је...

* * *

Коледе, леде,
Дедо лежит среде,
Меѓу двете баби,
Со пички без заби.
Едната му велит:
Дедо, оти дремиш,
Оти куре носиш
И крај пички постиш!
Курот беше здрав,
Дури си бев млад,
натемаго...

* * *

Коледе, леде,
Курот го зеле,
На пазар го носат,
Пичка да му просат,
Мала пичка сакат,
Да му бидат калап,
Голема неќи,
Цепена до плеќи,
Со капаче сакат,
Да ја галит в рака,
Сакат пичка сува,
Да ја носит ф пазува,
Блазеси му...

* * *

Коледица, бабица,
Пичка лежит на стапица,
Пичка вели: оф,
Ми изникна моф,
Пичка вели танко,
Ми порасте влакно,
Пичка вели: нур, нур,
Дајте голем кур,
Оф, оф, убајна!

* * *

Колинде, мелинде,
Стара баба Дина
Пичката ја скина,
Неможит да трпит
Стар кур да ја крпит,
Со конец од козина
Пичката му подзина,
Со конец от волна,
Пичката му јет полна,
Машала...

* * *

Баба оди по домати,
Дедо мисли колку пати.
Баба седи на два стола,
Дедо буцка одоздола.
Баба седи на топола,
Дедо гледа пичка гола.
О о о охо, охоохоо,
Коледе, коледе.

* * *

А бре, Петре, седиш дома
Јадиш гомна,
Толчиш вошќи на подлошќи!
Фати го кучето,
Удри го од лесата,
Јади му од месата,
Удри го од вршникот,
Јади му трбушникот,
Повлечи го по мразот,
Јади му од газот,
Удри го од лаурот
Јади му од паурот,
Повлечи го од тревата,
Јади му од цревата,
Удри го со пратот,
Јади му го стапот,
О, о, о, коледе, коледе!

* * *

Ангеле Веле...
Отелил теле!
Води го в Крапа,
Купи му капа,
На капата игла,
Куро' му се дига,
Коледе, коледе, о-о-о!

* * *

Збирајте се коледари,
Да играме коледица,
Што е еднуш во година!
Пржи пиче сиренје
На врбоји коренје!
Летна пиче да бега
По дрварски патишта!
Го сретова дрвари:
Што си, пиче, крваво?
Ако сум си крваво,
Со кур сум се зрзало!

* * *

Јанко петел јаваше,
Курот му се маваше,
Две жени го гледаа,
Гологлави бегаа,
За пички се фаќаа,
од земја се траќаа!
Јанковица метеше,
Јанко ѝ го гнетеше,
Јанковица переше,
Јанко ѝ го мереше,
Јанковица викна,
Јанко ѝ го пикна!
О-о-о, охо-хооо,
Коледе, коледе, коледе!

* * *

Коледе, бабо,
Излези на патот,
Да го видиш Целе,
Курот му го зеле,
На копа го клале,
Мачките го јале,
На бунар го бесат,
Мадинја се тресат,
Крај дупка го шетат,
В дупка натаре влегат, амин!

* * *

Коледе леде,
Дедо влечит греди,
Скеле ќе кроји,
Кур да му стоји!
Коледе леде,
Дедо влечи греде,
Кур да потприт,
В петици му гледа,
Неќит капа,
Чевли сакат, кутриот!

* * *

Коледица, Варварица,
Врти пица на полица,
Да ти мочне киселица,
Да си сркаш са' година!

* * *

Чичо ебе стрина
На вр' планина,
За ваганче масло,
За лажичка брашно.
Ваганче се помести,
Чичо ѝ го намести,
Лажичката пукна,
Чичо ѝ го фукна!
Такар, такар, коледе!


Извор: Секој петок урда јадам, македонски еротски народни песни (приредувач: Боне Величковски), Просвета, Куманово, 1989.

Слики: Monica Cook

Слични содржини

Култура

ОкоБоли главаВицФото