Оној момент кога ќе се донесе законот во оваа форма, сè ќе отиде по ѓаволите!

06.01.2015 16:08
Оној момент кога ќе се донесе законот во оваа форма, сè ќе отиде по ѓаволите!

Ако помине законот, сè ќе отиде у пизду материну! Сè!

Гледате ли, почитувани пријатели, како премиерот ја замислува дискусијата! Тој ги кани професорите за да им каже дека дискусијата одамна е завршена!

Тоа се вика социјален аутизам и морален идиотизам во едно!

Премиерот се однесува како оглавен коњ со лопатки на очите: тој е впрегнат во мисијата што му е зададена и ја влече напред колата гледајќи го само своето парче од хоризонтот! Каква е доверената му мисија?!

Одговорот е во Законот, но важно е дека и тој во своето политкомесарско обраќање во таканареченото Собрание, ја откри поентата:

„Државните испити ќе ги спроведува независно тело што ќе го именува Собранието“. Супер!

Во Македонија (значи, не во многу други земји, туку во Македонија) тоа значи дека независното тело ќе го именува тој односно дека комплетното производство на високообразовни кадри и преку тоа комплетниот профил на општеството, ќе го диктираат тој и неговата партија, односно тие што ги управуваат и програмираат нашите чипирани идиоти!

Оној момент кога ќе се донесе законот во оваа форма, сè ќе отиде по ѓаволите, драги мои, сè, буквално сè, не претерувам, не метафоризирам, не иронизирам, не се заебавам! Уште еднаш: сè ќе отиде у пизду материну - и општеството и нацијата и идентитетот и достоинството и името и граѓанскоста и овие остатоци од модернизам и личноста како општествена категорија, секоја форма на субјективитет и култура!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња