Затвореници кои вежбаат јога

07.01.2015 02:25
Затвореници кои вежбаат јога

Американскиот фотограф Роберт Стурман ја потпишува серијата фотографии која ни покажува дека јогата им го менува животот дури и на луѓето осудени на долгогодишни затворски казни, поради тешките злосторства кои ги извршиле.

Стурман пред неколку години го обиколил затворите во Калифорнија, меѓу другите и озлогласениот државен затвор Сан Квентин, зад чии решетки се чуваат некои од најголемите криминалци во историјата на САД и во кој е сместена единствената просторија за извршување на смртната казна во оваа американска држава.

Практикувањето јога е воведено во овие затвори пред неколку години, со цел на тој начин да се направи обид за балансирање на личноста на осуденциите, намалување на агресивноста во затворите, како и да им се помогне на затворениците да се носат со секојдневието и да станат подобри луѓе.

Јога за затворениците е проект кој го започнал инструкторот по јога и медитација Џејмс Фокс уште во 2002 година, токму во затворот Сан Квентин, а добрата пракса потоа се проширила и во уште неколку затвори во Калифорнија. Фокс сметал дека повеќето затвореници страдаат од комплексен посттрауматски стрес, односно дека во раните години доживеале напуштање, насилство во семејството, сексуално насилство, дискриминација, зависност од алкохол и дрога или биле сведоци на злосторство, вклучувајќи и убиство, а носењето на тој товар без стручна помош резултирало со злосторството кое го извршиле.

Јогата во затворот е тука за да им помогне подобро да се носат со овие потешкотии, а потоа и да бидат корисни членови на заедницата.

Подолу можете да погледнете дел од фотографиите на Роберт Стурман.

Извор: robertsturmanstudio.com

ОкоБоли главаВицФото