Обидот за реформи во образованието е диктаторски акт

07.01.2015 02:49
Обидот за реформи во образованието е диктаторски акт

1. Груевски и неговата камарила не спроведуваа јавна расправа изминативе три месеци туку реагираа на граѓанските демонстрации кои избија затоа што се прават промени на закони без јавна расправа.

2. Партиципацијата на граѓаните (демократското учество) започнува во моментот кога се формулира предлог за закон, а не тогаш кога е формиран предлог на закон, а уште помалку кога тој предлог веќе влегол во собраниска процедура.

3. Реформи на образованието се прават со изработка на стратегија за развој на образованието која ќе понуди конзистентен образовен систем ориентиран кон однапред одредени цели и однапред познат резултат и посакуван продукт на целокупниот образовен процес, а не со постојано менување на законите по принципот лет на мува без глава.

4. Секој обид за правење реформа во образованието во која не се вклучени како основни носители на реформските идеи учениците, студентите, наставниците и професорите, претставува диктаторски акт.

А овој повик е на исто ниво како:

- повикот за пријавување заинтересирани за амбасадорски места (со кој Владата ја уништи професионалната дипломатија и ја обезглави Македонија во меѓународните преговори);

- повикот за економски промотори (со кој Владата ги награди и ги испрати да се шетаат на наша сметка своите партиски кадри);

- повикот за советници и раководни лица (со кој Влaдата ја уништи професионалната администрација)

- повикот за членови во управни и надзорни одбори (со кој Владата ги негираше сите објективни критериуми врз основа на кои се izбираат овие лица).

Само кецарошка власт која нема поим што е демократско управување, нема поим што е владеење на правото и нема поим што се основни вредности на современата држава и општественоto уредување, може на ваков начин да комуницира со своите граѓани.

Само диктаторски режим кој не одговара за ништо и пред никого, може да си ја спроведе секоја замисла наспроти интересите и потребите на граѓаните.

Со таква власт не се расправа. Таквата власт се симнува.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Свирачиња