Тесла vs. Супермен

07.01.15 13:02

За ликот и делото на Никола Тесла, еден од најголемите научници и гении во историјата на човештвото, снимени се бројни документарни, играни и анимирани филмови, како и документарци со конспиративен призвук кои ги истражуваат мистериите поврзани со него.

По повод 72-годишнината од неговата смрт, претставуваме еден прилично необичен материјал: цртан филм во кој Никола Тесла се бори, ни помалку ни повеќе, против Супермен! Во овој цртан филм кој датира од 1941 година, Никола Тесла е прикажан како луд научник (речиси терорист), кој сака да ја претвори Empire State Building во нано-честички со помош на електромагнетни зраци. Иако Тесла не е именуван со неговото име, алузиите се повеќе од очигледни. Интересно е тоа што анимацијата е изработена со поддршка на компанијата Вестерн Електрик.

ОкоБоли главаВицФото