Библиотека

08.01.2015 13:20
Библиотека

Ништо не се брани толку добро од шумови како библиотеката.

Само глувонемите, ако не се туберкулозни или настинати, можат да влезат внатре. Но и тогаш само во фланелски влечки, без прстени и рачни часовници или други предмети што можат да ја нарушат тишината.

На секои два метра, по ходниците, вооружените чувари внимаваат дали се почитуваат правилата. А суштинскиот дел од нив е даден, во скратена форма, во натписите ставени врз челични плочки.

„Чекорете полека“, може да се прочита на нив. „Избегнувајте да дишете на нос“. „Не допирајте ги ѕидовите“. „Газете на врвовите од прстите“.

Наредбите стануваат уште попрецизни, уште поостри на прагот од големата читална каде што два џиновски натписа ги наложуваат најважните забрани.

Првиот: „Забрането е прелистувањето книги“.

И вториот : „Читањето е забрането“.

Превод: Влада Урошевиќ
Инсталација на сликата: Alicia Martín

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото