Визуелизација на Скопје, коментари #2 - против!

09.02.2010 14:56
luna park.jpg

Од: Ivo Andric
Датум: 09.02.2010 00:18:52
Навистина према галеријата од слики се потврдува тезата на Коцевски дека старо Скопје било целото исполнето со барокни зданија. Исто како Вишеград, Чана кале и Едрене. Само барок и рококо. Абе слепци едни, јас го паметам Скопје од после војната и сем Офицерскиот дом, постата, Ристиќевата палата, Бристол и старата железничка станица, немаше друга асална зграда. Личеше на турска касаба опишана од Иво Андриќ. А вие зборувате за барок, неокласицизам и рококо! Ама што да се прави; ум со инка не се тура и на слепци тешко е да им се објасни каква боја има млекото.

Од: Itar Pejo
Датум: 09.02.2010 00:19:50
Точно е дека старо Скопје било изградено во барокен стил. Затоа мегу европската аристократија на крајот на 19 век било познато како VV. Демек, Виена на Вардарот. Објаснение за симатизерите на владеачката партија: горенапишаното е подигравање. Воопшто не точно.

Од: Ајван Доктор®
Датум: 09.02.2010 09:13:20
Проблемот е токму во изразот Стари Скопјани! Некои под поимот подразбираат доселеници кои живеат во него над 10-ина години! Некои подразбираат негови жители со над 50-годишна старост! Ниту едните, а ниту другите, не можат да си земат за право да се нарекуваат така! Старите скопјани се семејства кои живеат во Скопје повеќе од три генерации! Тие, иако ретки, добро се познаваат меѓу себе! По војната одмазнички и крвнички им е oдземен поголемиот дел од имотот,а по земјотресот се раселени во периферните (тогаш) нови населби: Драчево, Карпош, Тафталиџе, Сингелиќ... За жал, судбината е иста со повеќето градови во МК, уништени се старите градски јадра во Тетово, Гостивар, Куманово, Крива Паланка, Велес, Охрид, Битола... Хроничарот е роден во друг град, и покрај убавата желба за патината на старо Скопје е нестручен да ги одредува историско-архитектонско-уметничките вредности на градот! Од фотографиите е очигледна и малоумната „реставрација“ на Нагрдениот Камен Мост, кој сега завршува во чудо - со скалила на едниот крај!

Од: Krali Marko
Датум: 09.02.2010 08:23:29
Идејата за Скопје 2014 е одлична. Недостасува само еден елемент: КРАЛСКИОТ ДВОРЕЦ. Во сите светски метрополи, провинциските гратчиња, па и во селата, има плоштади со скулптури. Но главниот град треба да има Дворец. Бекингам, Елисејска палата, Кремл ... Под хитно старите скопјани, членови на ВМРО, да кажат каде се наоѓал дворецот и тој да се внесе во програмот. Да има што да сликаат идните туристи, а водичите ќе им раскажуваат каде се танцувал валцер. Мораме да си ја чуваме светлата традиција. Она што го немаме, ќе го измислиме.

Од: Ајван Доктор® од Земјата на Чудата Невидени
Датум: 09.02.2010 08:41:22
Ги молам горе наведените „авторитети“ и „стручни лица“да ми го објаснат стилот во кој се изработени нивните дела! Да се изјаснат во што е оригиналноста на нивните кич-фигурини! Забораваат дека не се работи за надгробни споменици, кои би се поставиле во ливада, туку за дела кои треба да носат сензибилитет на едно време! По својата суштина и изглед тие се анахрони и вакви какви што се претставуваат се печат на една бедна политичка структура изгубена во времето и просторот! А можеби и ни ја отсликуваат современоста со безизразноста и безживотноста на своите неми копистички дела! Ако „ликовниот момент“ ни се состои во диспропорционален и безличен соцреализам, од фалшливи барок и рококо кои се прелеваат во идентичен неокласицизам - тешко нам! Политичкото влијание не може да ги претвори вашите дела во уметност! Очебијна е инсценираноста на прес-конференцијата! Дали е во одбрана на „нашиот“ кичерај, или служи за дополнување на розовата импресија?!

Од: mico
Датум: 09.02.2010 02:05:52
колку деца чекаат на операција а не можат да ја направат затоа што немаат пари а државата ќе троши на споменици. нели е ова малце смешно трагично? овие работи се прават тогаш кога државата прави ќар, а ние секоја година влегуваме во минус и нема влада до сега што не направила дефицит. како прво, која порака пуштаме према тие што ни помагаат, да бараме помош со споменици, утре секој ќе ти рече, чим имате пари за споменици зашто ви е нашата помош? македончето е штедлив народ, ова што го правите не е одлика на македонецот.

Од: CACKO E OD KAVADARCI
Датум: 09.02.2010 06:35:30
Ако сакаат да го градат Скопје ете Коце Трајановски нека им направи прво Референдум и нека се изјаснат за или против .Доколку сакаат нека им спроведе САМОПРИДОНЕС од плата по 2% секој месец за 4 год и ќе си изградат што им душа сака, оти и овака и онака они ни го дигаат просекот на плата.До кога ние од периферијата ќе бидеме заложници на Скопје и Охрид. До кога во името на државата ке се трошат народните пари. Го оправдувам Мичо а и секогаш лично преферирам парите да се вложат во здравство, наука, патна, хидро и електро инфраструктура на земјата. Дајте малку ред и на периферијата да се урбанизира. Затоа ги поканувам сите Бранко и Грујо да дојдат низ Македонија да газат малку кал, да го фатат мирисот на маалските свињарници и коњушници, да пијат вода од бунар, да го осетат мирисот на никелот и оловото, па да видат дали треба Метропола и Цркви или ова што го набројав.

Од: Aerodrom
Датум: 09.02.2010 08:06:32
Не ми се верува каква дупка си копа ВМРО! Не можам да го поднесам Бранко, ама после ова како човек да гласа за ВМРО. Еден мал совет од вистински политички неопределен стар Скопјанец: застанете, вратете се 2 чекора назад и добро погледнете што планирате да направите. Сè уште не е касно!

Од: saso
Датум: 09.02.2010 03:28:14
знам што ви фали а гледам го имате на старите фотографии на сајтов. ви фалат србските јунаци тие што беја на коњите пред 80 години. ви фали да бидете под србија, тоа, гледам, ви фали, ви вали дрвен мост, тоа ви фали, е Македонија што држиш на твоето тло

Од: mico
Датум: 09.02.2010 01:59:49
никако не ми влегува во глава како може некој во овие тешки времиња да прави вакви глупости. замислете, отвара човек весник и чита дека се потребни 5000 евра да се спаси малиот николче, а под тој наслов ќе правиме плоштад за двеста милиони евра, па која ни е нас логиката на живеење и на размислување? дали работите имаат свој ред или троши пари на што ќе ти дојде. све е убаво да се изгради, али ако се направи некоја листа на пририотети оваа глупост би паднала под илјадито место. некој гради, това е точно, и тросат и повише пари, ама си ги решиле другите проблеми, а ние, што, странците це ги носиме со хилихоптери да не го видат другото скопје, на пример, шутка , топана, маџар маало? замислете еден ваков плоштад кој ќе биде заобиколен со едни вакви населби. това ти е исто на стара барака да и ставиш екстра скапа ограда. па има ли некој паметен во таа држава

Од: Politicka manipulacija
Датум: 09.02.2010 00:31:17
Чие ќе биде Скопје 2014 година? Се разбира на народот македонски, а од овие налудницави урбано-архитектонски визии на Ве ме ре -овците ама баш нема ништо да се реализира, тоа е само дигање магли и прашини со цел на одвлекување на вниманието на народот од незавидната состојба во која се наоѓа Македонија на економски, внатрешно-безбедносен и надворешно политички план. Тоа е опробана тактика на сите политички манипуланти со единствена цел, на амортизирање на народното незадоволство со вметнувања на разни вакви сулуди идеи...

Од: petko
Датум: 09.02.2010 06:45:31
Стварно бре ДПМНОВЦИ го претеравте. Изградивте 3 стокатници, изградивте жичара, хотели, црква на водно кај крстот, ги изградивте сите автопати низ Македонија, ја модернизиравте железницата, направивте подземни сообраќајници и сега Скопје 2014... Со една голема фалинка: не се спомнува дека Вардар ќе биде пловен и по него ќе пловат галиите на Александар, веслани од фалангата, за да можат туристите да се восхитуваат на античкиот град ДПМНОПУЛОС .

Од: Граѓанин
Датум: 09.02.2010 07:54:37
Се сеќавам на 1945 година кога еден граѓанин искоментира: „од селанин бег не бидува“.

 

коментарите се преземени од неколку текстови од денешниот „Утрински весник“

сликите се преземени од фејсбук групата "Скопје 2014! Не, благодарам!"

Вистинското Скопје е мртво од

Вистинското Скопје е мртво од шеесе и трета.
Само што некои клетки и внатрешни бактерии одбиваат да се помират со тоа, и го носат на бајачки кои прават недоквакано зомби (ко она од филмот Викенд кај Берни 2), кое оживува само кога слуша кич музика, а сите други се гушиме во смрдеата и реата од мршата на Скопје, освен некои мршојадци на кои не им се верува на среќата. 
Треба да се закопа мртовецот, да му се отпее опело и ламент и да се направи некое друго дете.

Скопје во очите на Г-дин Пчински...

Ха-ха-хи-хих-Х... Никола Пчински, навистина сум фасциниран од твојот прецизен  и краток опис на вистините наречени: Скопје. Факт бр. 1 Скопје е најневеројатна тумба на Балканот - веднаш после Белград ( град урнек на Скопје). Селско-пролетерска -некропола на страстите и гнасотијата, голем котел за варење на ракија, гитанско-интелекуален -playground на шатори и картони. Просјачко-генијални елити... описот оди до недоглед...  Тумба тука предпоставува голем простор во кои се опејуваат и креираат мртвите. Абсолутно се сложувам со тебе дека на овој град треба да му се отпее опело и да се направи некое друго дете - но на некое друго место, а сите доселени да се препуштат на оваа гробница и со својата неинвентивност и просечност да исчезнат заедно со Градов. Ха-ха-Х... А наместо реквием да им послужи твојата (нивната) кич музика, што тие и онака така гласно и гасно ќе ја практикуваат како ритуал на палевините и мршите - кои што тие ги конзумираат како врвна “Мана“. (види превод). Само продолжи...

Pravi Skopjani nego pustajte

Pravi Skopjani nego pustajte vasiot gradonacalnik na sluzben pat vo Egipet oti od tamu ke vi donese ideite za gradba na piramidi i svinga vo centarot na Skopje!
Zagrizen bitolcanec

gradbi vo Skopje 2014

Edno ne mi e jasno so drva i kamenja i so najniski zborovi po ovaa idea,da ama ste se zaprasale li sto se ni e unisteno,sto se ni pokrale im se kocoperat so nasi raboti kako nivni.Nekako imam vpecatok deka lugevo otidoa do beskraj so komentari.edno e bitno .damna nisto ne sme izgradile pa zatoa ni e cudno,a ni ona so sme go imale i imame ne go odrzuvame ne si go vrednuvame.Site si zedoa za pravo deka nesto svoe sakaat da gradat kaj ke stignat i kako ke stignat.ako gi prasaat tie nisto ne znaat ne se informirani.Ako pocne da gradime se od osvojuvacite na Makedonija kaj ke ni e krajot.Tie i onaka niti birale niti biraat sto pravele i pravat samo da ispadne deka site tie se starosedelci a nie dojdovme od kade...cekajte be .ako sme dale prava nea ednakvost neznaci deka mozete da pravit sto sakate .ima granica.Mozebi mnogu proekti,mnogu pari za malo vreme.ama nasite komentari se tolku nedolicni sto ne se da se zboruva za niv.Gorgija Kastriot MAKEDONECOT .Skenderbeg si go prisvoija...neka procitaat pod koe zname se borel,koj jazik i pismo go zboruval.osven ako ne e Skender Beg od Otomanska imperija..site se vo ludilo vo nedogled na unistuvanje na nasiot narod,jazik i drzava.Neka im e na cest na nasite prodaeni dusi so ne znaat so e Aklah,Bog pa ne e ni cudo sto koe kakvi budalii tropaat na cel glas.Takvite ke zaminat koga toga ne se istoriski licnosti.ostanuva sramot za niv i nivnite dela.......so niv i bez niv nie ke se borime za EDNA MAKEDONIJA I MAKEDONSKI NAROD..........TAMAN RABOTA AKO SI JA KREIRAME DRZAVATA PO ISCASENI UMOVI.............MAKEDONCI RAZBUDETE SE OD BUNILO KASNITE.............

Слични содржини

Општество
Општество / Јавни Простори
Општество / Јавни Простори

ОкоБоли главаВицФото