1032 hPa
86 %
-2 °C
Скопје - Саб, 14.12.2024 04:59
-Добар ден. Го добивте центарот за помош за алкохоличари. Како можеме да ви помогнеме?
-Добар ден, Александар на телефон. Ве молам, кажете ми како се прави текила санрајз?
МАКЕДОНИЈА
Враќање
Што кажале Турците кога си оделе од Македонија?
-Ќе се вратиме во серии!
Македонски годишни времиња
Четири годишни времиња во Македонија:
-Аман од дождов!
-Да ти ебам ладното!
-До кога со поленов?!
-Не се живее од жешково!
Желба
Здравиот Македонец има сто желби, а болниот само една - да се разболи и здравиот.
Новогодишна желба
Оваа година Македонецот не сака Дедо Мраз ништо да му донесе, туку да го однесе. Што подалеку од овде.
ЖИВОТ
Кој почна прв?
Судијата го прашува разбојникот:
-Зошто ја ограбивте банката?
-Таа прва почна!
Држте го крадецот!
Провалник упаднал во стан на 19-ти кат од солитер. Слушајќи шум, се извлекол низ прозорецот, застанал на симсот, изгубил рамнотежа, почнал да паѓа и да вика:
-Фатете ме! Држте го крадецот!
Помош за алкохоличари
-Добар ден. Го добивте центарот за помош за алкохоличари. Како можеме да ви помогнеме?
-Добар ден, Александар на телефон. Ве молам, кажете ми како се прави текила санрајз?
Трошоци
Разговараат двајца пијаници на шанк, па едниот вели:
-Слушај, жена ми нема големи трошоци со мене. Дневно ми треба литар ракија, литар млеко и една мачка.
-А што ќе ти е мачката?
-Па да го испие млекото!
Крв или ракија
Пијаница се срушил низ мрачни скали, при што се скршило шишето со ракија што го имал в џеб. Чувствувајќи дека раката му е влажна, процедил:
-Дај боже тоа да е само крв!
Змија
Прашале Црногорец:
-Што би сакал најмногу да бидеш во следниот живот?
-Змија.
-Е зошто баш змија?
-Тоа ти е живот! Ем лежиш, ем одиш!
Инструменти
Музичар доживеал тешка сообраќајна несреќа и бил однесен на ургентно. Докторот извикал:
-Сестро, брзо донеси ги инструментите!
А музичарот нервозно им дофрлил:
-Видете на што личам, уште ли треба да ви свирам!
Што во излогот?
Човек влегува во дуќан чиишто излози се преполни со часовници.
-Можете да ми го поправите саатов?
-Јас не сум часовничар. Друга ми е професијата: вршам сунет.
-Па, зошто тогаш сте ставиле толку часовници во излогот?
-А вие што би сакале да ставам?!
Живот
Разговараат две деца:
-Знаеш дека постои живот надвор од интернет?
-Не зезај! Дај линк!
ЖЕНИ-МАЖИ
Вечера
Порака од жената на фрижидер:
„Јас сум кај другарка. За вечера риба. Трските и јадиците ти се во ходник.“
Љубов
Чук, чук...
-Кој е?
-Твојата љубов.
-А бе ај не заебавај, како може чоколадо да зборува!
Затворено
-Од каде доаѓаш?
-Од салон за убавина.
-Е што, затворено ли беше?
На плажа
На плажа:
-Глеј ја рибана! Супер е, нели?
-Е. Само чекај да видиме на што ќе заличи кога ќе се облече!
Убава, добра, паметна и богата
-Би сакал - ѝ вели еден ерген на една проводаџика - сопругата да ми биде убава, добра, паметна и богата.
-Ех, ќе мора, значи, да се жените четири пати!
Ново
-Твојот маж изгледа сјајно во новиот костум!
-Тоа не е нов костум - туку нов маж!
Променливите мажи
„Толку го сакав тоа момче, а ете, сега баш ми е гајле за него... Чудно како мажите се променливи!“
Тепачка
Се враќа Трпе дома во ниедно време, целиот разбушавен, со пудра на лицето, измачкан со кармин и шминка. Жена му го гледа вели:
-Зошто има шминка насекаде по тебе?!
А Трпе ѝ одговара:
-Нема да веруваш, ама се тепав со кловн.
Слики: Aled Lewis