1030 hPa
60 %

4 °C
Скопје - Вто, 11.02.2025 09:59
Независно од неподносливо баналниот тон во телеграмата (како да ја пишувал некој поштарски курир) на Груевски до францускиот премиер Велс, јас верувам дека зад изразите на сочувство стојат искрените чувства и потресеноста на македонскиот премиер од терористичкиот напад врз Редакцијата на „Шарли Ебдо“ во Париз и од жртвите што паднаа во тој безумен чин. А не трагикомичните парадерски импулси и спинови што на домашната сцена го водат во сè, последен пат во срамниот перформанс со професорите!
Општа европска и светска оценка е дека нападот врз сатиричниот весник е напад врз слободата на мислата и изразувањето како еден од клучните столбови на западната цивилизација. Во телеграмата на Груевски, тој аспект е покриен со ставот дека се нападнати „демократските вредности“!
Не случајно, зашто навистина би било премногу тој да изразува загриженост за напад врз слободата на мислата и изразот! Макар што и сите други „демократски вредности“ кај нас се уништени, но поводот е поконкретен! И во оваа прилика сакам да го потсетам премиерот дека тој лично го предводеше нападот на своите партиски единици во успешното уништување на „демократските вредности“, односно на слободата на мислата и говорот што беа нападнати во Париз! Симболиката на терористичкиот акт што се случи во Париз, во Македонија би била бесмислена, затоа што слободата тука веќе ја нема, таа е турната на маргините, по разно-разни портали за мастурбација на преживеаните новинари и уредници! Можеби кај нас физичките жртви и куршумите ќе дојдат покасно, но нема нормален човек кој нема заклучено дека физички преживеаните жртви на неговиот поход низ медиумскиот простор на Македонија и во овој момент се бројат, можеби, и на илјадници, дека нивните трауми се огромни (Кежаровски) и дека штетите се немерливи! Би било добро и од францускиот премиер да стигне некаква телеграма, ама не до Груевски, туку до луѓето во Македонија!
Фејсбук, 08.01.2015.
Слика: Свирачиња