Неостварлива желбата на властодршците

12.01.2015 02:38
Неостварлива желбата на властодршците

Новогодишно-божикните желби на нашите владетели - народот да живее во мир, благосостојба, среќа, разбирање, толеранција, почитување, солидарност... - нема да се исполнат. Не поради тоа што потајно, во себе, му посакуваат сè најлошо (нема докази ни дека му мислат се најдобро), туку затоа што таквите желби се неостварливи во авторитарни системи во кои власта е високоцентрализирана.

До вакво сознание дошол - многу одамна - еден од најголемите светски научници и влијателни интелектуалци, борецот за граѓански права, демократија и слобода, професор на познатиот МИТ кој објавува во списанија со импакт-фактор, Ноам Чомски. Тој тврди дека „системот на централизирана власт ги зголемува најлошите човечки инстинкти, склоноста кон лакомост, деструктивност, акумулирањето власт за себе и уништувањето на другите“.

Во Македонија сега, кога власта е централизирана до степен на средновековна деспотија, до слично откритие може да дојде и професор од универзитет во најзафрленото село што нема видено списание со импакт-фактор, камо ли објавено нешто во рубриката „писма на читатели“. Секому му е јасно дека благодарение на политиката, поддршката и субвенциите од владата овие инстинкти кај луѓето се толку силно развиени и доминантни, што уништувањето на „другите“ е единствената желба на нашите властодршци, што има реални шанси да се оствари во годинава што ни претстои. Сите други се само празни(чни) фрази.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото