Американската филмска академија ја бара Каракамишева во одборот за Оскарите

12.01.2015 13:32
Американската филмска академија ја бара Каракамишева во одборот за Оскарите

Скопје, 12 јануари

Откако медиумите објавија дека професорката Тања Каракамишева е избрана за претседател на Комисијата за подготовки на јавната научна установа Институт за филм – Филмска академија во Охрид, светската јавност пројави голем интерес за неа и нејзините експертизи.

Со експресно барање за нејзин ангажман излезе Академијата за филмски уметности и науки на САД, која ги доделува Оскарите за најдобрите во филмската уметност.

„Ние со години внимателно ја следиме кариерата на почитуваната професорка Каракамишева и редовно се раководиме според нејзините експертски прогнози, внимателно следејќи ги нејзините експертски ставови. Токму затоа, многу се израдувавме кога дознавме дека таа е дел од комисија за подготовка на Филмска академија во Македонија. Сметаме дека нејзините експертизи многу ќе придонесат во развојот на филмската уметност во вашата земја, но и многу пошироко. Токму затоа, би сакале да ве замолиме да ни ја отстапите професорката, да членува и во одборот на нашата академија, при изборот на добитниците на Оскарите. Уверени сме дека таа многу ќе придонесе во изборот, и нејзиното учество во процесот ќе влијае на поголема популарност на наградите“, велат од Академијата за филмски уметности и науки на САД.

Коза ностра побара коментар од професорката, но таа рече дека својот одговор ќе го изнесе во вид на експертски коментар на Сител, Канал 5, МТВ, Алфа, Радио Слободна Македонија, Курир, Прес24, Република, Дневник, или на некој друг независен медиум.

Извор: kozanostra.net

ОкоБоли главаВицФото