1027 hPa
81 %
6 °C
Скопје - Вто, 09.12.2025 08:59

Пред извесно време веќе пишувавме за опсесијата на фотографката Оурит Бен-Хаим која со својот фотоапарат ги забележува читателите во њујоршкото метро. Еден холандски фотограф е окупиран со истата тематика: Рајнер Герицен верува дека старите добри книги од хартија нема уште долго да бидат „во мода“, туку во целост ќе бидат заменети од гаџетите како iPad и Киндл, кои полека ја добиваат битката.
Затоа Герицен грижливо ги документира сите преостанати читатели и читателки кои ги сретнува додека се вози во њујоршкото метро, а на своите фотографии ги допишува и насловите на книжевните дела во кои патниците се задлабочени, оддавајќи им своевидна почит и на авторите.
Рајнер никогаш не бара дозвола од патниците да ги фотографира и вели дека тој принцип „му поминува“. „Имам 60 години. Додека бев млад, тоа не функционираше така, ама кога сте постар човек, луѓето подобро ве прифаќаат“, објаснува овој фотограф.

Герицен стои и зад неколку фотографии на луѓе кои читаат на е-читачи и слични гаџети, но го смета тоа за здодевно. „Кога фотографирате човек со вистинска книга во рацете, тоа е далеку поинтересно, поинтригантно.“
Дел од неговите фотографии на луѓе кои го скратуваат возењето со подземна железница читајќи книга, собрани под насловот „Последната книга“, можете да погледнете подолу.













Извор: www.reiniergerritsen.nl