1018 hPa
38 %
30 °C
Скопје - Чет, 18.06.2026 12:59
Визуелната пропагада во историјата обилно се користела за да се промовира војната и за да се потпалуваат племенските страсти. Но, американскиот уметник Ентони Фреда има поинаква идеја: тој ги користи своите вештини за антивоена пропаганда и преиспитување на политиката на постојана војна, и го доведува во прашање претекстот кој ѝ претходи на секоја нова ужасна авантура.
„Решив да ги употребам вештините што ги стекнав за време на долгогодишната работа како визуелен комуникатор во маркетинг агенција за промовирање мир и разбирање. Се надевам дека моите дела можат да бидат почетна точка за разговор околу алтернативите на бесконечната војна“, вели Фреда.











Извор: Boredpanda