Пионерка на фотографијата која не ви е позната, а би требало да ви биде

16.01.2015 11:48
Пионерка на фотографијата која не ви е позната, а би требало да ви биде

Некои ја знаат како општествено-политичка репортерка која ги документираше протестите за женски права и интервјуираше жени во канцелариите, фабриките и на фармите. За други е позната како авторка на фотографии во списанијата како Elle и Vogue.

Но, познати се и нејзините хроники за сиромаштијата на општествената хигиена околу светот, од САД до источна Азија, која ги создавала во име на Меѓународната здравествена организација, како и поетичните дела како воздушните фотографии од циркуси или надреалните фотограми, настанати како резултат на часови и часови поминати во темна комора.

Моник Жако, швајцарска фотографка родена 1934 година, која со своето делување секогаш беше на граница на уметноста и активизмот, бележење и побуна, документаризам и фантазија. Нејзината инспирација беше светот околу неа - ограничувањето кое станува сè поконкретно.

Ја изучувала фотографијата кај Гертруда Фер на École des Arts et Metiers во текот на раните педесетти, но набрзо станала уморна од ограничувањата кои ги нудат книгите за фотографија. Се свртела кон улиците и на своите фотографии ги забележувала пантомимичарите, циркусите и театрите, местата каде фантазијата во целост ја проголтува реалноста. Набрзо се приклучила на фотографскиот круг Магнум и нејзини колеги станале, меѓу другите, Анри Картие-Бресон, Роберт Франк и Мартина Франк.

И дома и во странство, Жако ја користела својата камера за да ги дофати различните моменти на борбата за опстанок, било да се тоа жените кои протестираат за рамноправност, медицинските сестри во Нигер или докторите во некогашниот Советски Сојуз. Нејзините фотографии варираат од каприциозни до сериозни, од надреални до болно стварни. Нејзината бескрајна сестраност се огледува и во насловот на нејзината ретроспектива: Извештаи и мечтаења (Reports and Daydreams).

„Жако ја користи камерата како што сликарот ракува со четката - како со алат за создавање на саканиот визуелен учинок“, пишува Џулја Фридман за Hyperallergic. „Таа се спротивставува на очекувањата дека фотографот мора да има препознатлив стил, па наместо тоа ја изложува импресивната вештина во ракувањето со сопствениот медиум.“

Извор: voxfeminae.net

Слични содржини

Фотографија / Филм
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Живот
Фотографија

ОкоБоли главаВицФото