2014: годината во слики (1)

18.01.2015 14:27
2014: годината во слики (1)

Изборот на настаните кои ја одбележале годината што изминала честопати е невозможна мисија. Што да се спомне, а што да се изостави од драматичните и помалку драматичните случки на земјината топка: големите потреси кои ги диктираат политичките текови во државите, воените судири, драмата на бегалците, обесправените и дискриминираните, спектакуларните спортски манифестации и првенства, големите трагедии и терористички напади, настаните од областа на културата, музиката, уметноста...?

Свесни за несовршеноста и селективноста на секоја ваква ретроспектива, го претставуваме изборот од 100 фотографии на Њујорк Тајмс, на моментите што ја одбележаа изминатата 2014 година.

Православен свештеник се моли стоејќи помеѓу про-европските активисти и полициските сили; Киев. Фото: Сергеј Гриц. 01/24/2014

Бил де Бласио и неговата сопруга Чирлејн МекКреј, заедно со децата Кјара и Данте, пристигнуваат на неговата инаугурација како градоначалник на Њујорк; Менхетен. Фото: Ули Зајт. 01/01/2014

Танчарките од Њујоршкиот балет Емили Кикта и Меган Датон-О’Хара се бараат себеси во фотоинсталација на уличниот уметник JR во Линколн Центар; Менхетен. Фото: Андреа Мохин. 01/24/2014

Гувернерот на Њу Џерси Крис Кристи се ракува со двете спротивставени политички страни; Трентон, Њу Џерси; Фото: Дејмон Винтер. 01/14/2014

Проба на костимите за делото „Here Be Sirens“ на Музичкиот театар на Кејт Соупер во изведба на Морнингсајд Опера во Диксон Плејс, Менхетен; Фото: Честер Хигинс. 01/08/2014

Луѓе играат фудбал на зајдисонце на плажата Ипанема. Фудбалската треска во Бразил го доживеа врвот додека земјата се подготвуваше за Светското првенство; Рио де Жанеиро; Фото: Јасујоши Чиба. 01/09/2014

Работник аптека и центар за одгледување марихуана. Во јануари, Колорадо ја легализираше продажбата на марихуаната за рекреативна употреба; Денвер; Фото: Ед Каши. 01/22/2014

Раселени луѓе на брод бегаат од борбите помеѓу владините сили и бунтовниците во северниот дел на земјата; Минкамен, Јужен Судан; Фото: Никол Собецки. 01/09/2014

Антивладини демонстранти ги горат барикадите за да ги спречат полицајците во обидот да го заземат Плоштадот на независноста; Киев; Фото: Сергеј Пономарев. 02/19/2014

Електронскиот музичар Скрилекс настапува на Brooklyn Bowl на почетокот на турнејата со клупски настапи кои ги нарече „преземања“; Бруклин. Фото: Чад Батка. 02/11/2014

Германскиот олимписки боб тим тренира на зајдисонце; Краснаја Полјана. Фото: Даг Милс. 02/13/2014

Мек Бохонон од САД настапува во финалето во својата дисциплина; Краснаја Полјана. Фото: Џејмс Хил. 02/18/2014

Шахун Вајт се натпреварува во финалето во сноуборд; Краснаја Полјана; Фото: Џош Ханер. 02/11/2014

Жена зад барикадите се засолнува од снајперски оган; Киев. Фото: Сергеј Пономарев. Фото: 02/21/2014

Кадети од Вест Поинт одат кон Касарната Першинг; Хајленд Фолс. Фото: Сузан ДеЧило. 02/12/2014

Фанови на Денвер Бронкос и Сиетл Сихоукс пред почетокот на Super Bowl на стадионот Метлајф; Ист Рутерфорд. Фото: Тод Хајслер. 02/02/2014

Момент од натпреварот помеѓу Сиетл Сихоукс и Денвер Бронкос на Super Bowl; Ист Рутерфорд. Фото: Бартон Силверман. 02/02/2014

Ранета девојка во судирите помеѓу турските специјалци и антивладините демонстранти; Истанбул. Фото: Булент Килиџ. 03/12/2014

Гранична патрола заробува имигранти од Хондурас и Гватемала кои преминале преку Рио Гранде, во годината кога бројот илегални преминувања преку границите го достигна својот врв; Тексас. Фото: Тод Хајслер. 03/25/2014

И покрај заканите на талибанците со напади на претседателските избори, жена излегува да гласа и остава отпечаток од прстот; Кабул. Фото: Брајан Дентон. 03/26/2014

Претседателот на САД Барак Обама учествува во положување венец на гробиштата во Фландерс Филд, во обид повторно да се поврзе со НАТО алијансата; Варегем, Белгија. Фото: Даг Милс. 03/26/2014

Експлозија предизвикана од протекување на гас зафати две згради и уби осум луѓе во Источен Харлем. Фото: Озиер Мухамед. 03/12/2014

Девет дена по исчезнувањето на авионот на Малезија Ерлајнс со број на лет 370, роднини на патниците гледаат вести на телевизија; Пекинг. Фото: Фенг Ли. 03/17/2014

Пејачката Лорди на првиот од трите распродадени концерти во Роузленд Болрум; Менхетен. Фото: Чад Батка. 03/10/2014

Авганистански војник и полицаец чекаат на ред за регистерска картичка за гласачи; Кабул. Фото: Ања Нидрингхаус. 04/01/2014

Вториот чин од балетската претстава „Жизел“ во изведба на Театарот Бољшој; Москва. Фото: Џејмс Хил. 04/03/2014

Џокејот Ноел Фехили паѓа од својот коњ Фаго, на натпревар во стиплчејс; Ејнтри. Фото: Расел Чејн. 04/04/2014

Жена напушта гласачко место откако го остварува своето граѓанско право на глас; Јодпур, Индија. Фото: Даниел Берехулак. 04/17/2014

Демонстрант фрла молотов коктел за време на судири со полицијата на антивладините демонстрации кои траеја два месеци; Каракас. Фото: Меридит Коут. 04/17/2014

Монах се моли на местото каде се собираат семејствата на исчезнатите патници од бродот Севол; Џиндо, Јужна Кореја. Фото: Уриел Синаи. 04/21/2014

Роднина на Парк Јае-џи, 16-годишна девојка која загина во потонатиот брод Севол, носи незин портрет во градскиот парк; Пјонгтаек, Јужна Кореја. Фото: Вухае Чо. 04/28/2014

Автомобил-бомба експлодира на собир на шиитска милитантна група, каде три експлозии убија повеќе од 30 луѓе; Багдад. Фото: Таиер Ал-Судани. 04/25/2014

Осмоодделенци на вежба за евакуација при закана од напад врз училиште; Бел Плејн, Минесота. Фото: Алек Сот. 04/30/2014

Теодор Рузвелт Причет Јуниор во неговиот дом кој е опкружен од две напуштени куќи; Детроит. Фото: Фред Р. Конрад. 04/30/2014

Коњи на миење пред утрински тренинг за Кентаки Дерби во Черчил Даунс. Фото: Јабин Ботсфорд. 05/01/2014

(продолжува)

Извор: The New York Times

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото