Горчливиот талог на искуството

11.02.2010 11:31
Abate_Claudio.jpg

Науката, поточно науките, со своите чуда и илузии го придобија светот: светот за науките знае исто толку малку колку и за уметноста, но верува во чудата на науката, како што верувал, и сè уште верува, во Христовите или дервишките чуда. Футурологијата, астрономијата, еугенетиката, сексологијата, кибернетиката, хибернацијата и другите чуда, заедно со атомското чудо, на светот му ги покажаа некои од своите чудесности, како што Христос некогаш му ги покажа на светот своите, ја претворија водата во вино, но и виното во вода, и веќе секое дете се занимава со футурологија, а притоа ништо не знае за светот во кој живее, неговите сознанија не одат подалеку од таа доверба во науката, затоа што денешното дете, сакам да кажам денешниот човек, ги има видено некои од чудата на таа наука; што се однесува до астрономијата, ја има видено месечината одблизу, што се однесува до еугенетиката, гледа како децата растат, „па се поголеми за неколку сантиметри од своите дедовци”, сведок е на т.н. сексуална револуција или дури и нејзин учесник, социологијата јасно му одговори на сите прашања, толку јасно што појасно не може да биде, два по два се четири, прогресивните победуваат, назадните се победени или уште утре ќе бидат победени, кибернетиката е некој вид усовршена сметалка на нашите татковци, хибернацијата е бесмртност за богатите, утре веќе достапна и за нас, а атомската бомба го продупчи образот на човештвото, како образот на факирите или дервишите, безболно, без крв, за само еден миг, и со тоа потврди дека чудата на науката се единствени чуда а, ете, човечкото срце се пресадува од еден човек на друг, од мртов на жив, и наскоро срцето, така барем тврдат, ќе биде заменето со срце од свиња и човекот ќе почне да гровта како свиња. А на тој денешен човек што слепо верува во сите чуда на науката одеднаш му стана јасно сè, веќе на овој свет нема проблеми или барем утре ќе ги нема, и нему му е сеедно, како што на секој добар христијанин му е сеедно тоа што рибите се умножија во знак на христовото чудо само еден единствен пат, па сеедно му е тоа што и покрај оптимистичките претпоставки на футуролозите за нашата светла иднина и ден-денес стоиме во целосен мрак кога станува збор за важните човечки прашања: Од каде сме? Кои сме? Каде одиме? Кои сме и од каде сме во темнината на космичките пространства, од каде тоа дојдовме на свет со оваа свест за светот и дека, значи, живееме во најдлабокиот мрак на теории и претпоставки, а дека науката во овој случај воопшто не може да ни помогне, ниту биологијата, ниту астрономијата, ниту генетиката, дури ни еволуцијата; како што му е сеедно што покрај астрономијата, која ја доби целосната доверба на сите, ние сè уште живееме во знакот на астрологијата, и тоа што наместо во ѕвездите зјапаме во астролошките календари, а модерните жени, како знак за својата еманципираност и својата „доверба во науката”, како и работните луѓе и „уметниците” и ден-денес својот ден не го почнуваат без да погледнат во својот астролошки календар за да проверат што ги чека во денот, здравје – работа – љубов; довербата во науката, слепата доверба, а притоа, покрај сексуалната револуција во која слепо веруваме, слепо се растргнуваме од љубомора и од љубов, весниците се полни со крвави злосторства во знакот на сексуалната револуција, годишно барем двајца мажи се казнети со најсуровата казна од сексуално просветените жени кои ги исполнуваат своите праисконски права со нож или со острицата на бричот, како во некоја грчка трагедија, социологијата станува сечија сопственост, кафеаните се полни со социјални теории базирани врз новинарски текстови, а притоа, соговорниците за социологијата знаат онолку колку што прочитале во весниците, два по два се четири, еден плус еден се два, староста се победува со апчиња против заборавеност (чудо на науката!) и успешно се совладува со системот на госпоѓата Аслан, со системот кој, во прекрасна координација на сите науки, може да се купи под тезга во паркот кај Правен под називот „геровитал”, што е во тесна врска со сексуалната револуција и со хибернацијата (хибернацијата на половите), а кога доктор Бернар или некој друг доктор ќе ни пресади срце од свиња ќе можеме да гровтаме како свињи! Значи, во чудата на науката не можеме да се сомневаме и во тој случај зошто да филозофираме, зошто да мудруваме и зошто да се занесуваме со глупости, да се губи своето скапоцено време со искуството на филозофијата која го покажа својот целосен дебакл, и поезијата која по освојувањето на месечината, особено сега, стана сосема бесмислена. Затоа што да се пее без магијата на месечината, ќе признаете, не е баш мудро, а најмалку современо. Но токму поради сите овие чуда на науката и наспроти нив, искуството на уметноста нè учи на единственото можно сознание, нè учи да се сомневаме, уметноста според Паунд е „антена на видот”, и уметноста е, уметничко сознание, последната инстанца, последното засолниште на човечкиот дух. Кога сите ќе гровтаат со своите свински срца, последните кои сè уште ќе гледаат со човечки очи и ќе чувствуваат со човечко срце ќе бидат оние на кои не им беше туѓо искуството на уметноста.

(1973)

Слика: Клаудио Абате

Од Данило Киш прочитајте ги и овие текстови:

За Маркиз де Сад

Совети за младиот писател

За широчината и длабината на

За широчината и длабочината на амбисот на нашето незнаење, ретко кој е свесен.
Ние (особено европејците) сме среќни како шумарче кое живее на работ на вселенската шума, си напраило колипка, фино си се грее, животари, ги тепа разните волци и зајаци, крка мрсно, пржи печурки, цепи дрва... 
И тука кога би се завршила приказната се' би било в ред.
Но, шумарчето станува гордо и немајќи никој да му укаже на спротивното се прогласува за господар на целата шума, панултимативен бег над се' што гледа ( а малце гледа).
Тоа е состојбата на човештвото, вака просто раскажана.

I accept appear to this

I accept appear to this accepted cessation - submersible mixers are alone reliable with sludges of up to 5% solids. Submersible mixer suppliers are actual afraid to accommodate a action / bond agreement aloft this characterisitc. Top access advocate suppliers I acquisition admeasurement their accessories on aphorism of thumbs and if you catechism their architecture in commendations to the appliance they upsize their accessories in an attack to annihilate your concerns. They aswell will not accommodate a bond agreement after getting pushed. For the activity in catechism - architecture a massive acknowledging arch aloft the catchbasin was not economical.
--------------------------------------------------------
Creative Art

Arts Jobs
Visual Arts

Слични содржини

Општество / Историја
Општество / Историја

ОкоБоли главаВицФото