2014: годината во слики (2)

21.01.2015 04:04
2014: годината во слики (2)

Хеликоптер на авганистанските воени сили ги надлетува засолништата каде преживеаните се собираат откако во лизгање на земјиште загинаа повеќе од 2.000 луѓе; Би Барак, Авганистан. Фото: Брајан Дентон. 05/05/2014

Роднини и пријатели ја оплакуваат 21-годишната Јулија Изотова, која загина во судирите помеѓу украинските трупи и проруските сепаратисти; Краматорск, Украина. Фото: Сергеј Пономарев. 05/05/2014

Бакита Петери и нејзиното 5-месечно бебе Ајак Денг, изгладнети поради кризата за храна настаната по граѓанската војна во Јужен Судан; Малакал. Фото: Линзи Адарио. 05/11/2014

Квартот Кабарис, некогаш полн со продавници и кафулиња, претворен во руина по воените судири; Хомс, Сирија. Фото: Јуриј Козирев. 05/12/2014

Папата Франциск заедно со рабин се моли на Западниот ѕид, најсветото место во Јудаизмот; Ерусалим. Фото: Винченцо Пинто. 05/26/2014

Двојки ги предаваат документите за склучување брак откако судот во Пенсилванија ја укина забраната за истополови бракови; Филаделфија. Фото: Ед Хили. 05/21/2014

Луѓе посетуваат гробишта каде се погребани речиси 12.000 војници од Првата светска војна; Тине Кот, Белгија. Фото: Томас Мунита. 06/07/2014

Илјадници луѓе бдеат со свеќи во рацете во Паркот Викторија на 25-годишнината од масакрот на Тјенанмен; Хонг Конг. Фото: Кин Чеунг. 06/04/2014

Абу Хишам Абдел Карим со неговото семејство во квартот Калидие, уништен во борбите; Хомс, Сирија. Фото: Сергеј Пономарев. 06/15/014

Навивачи го гледаат натпреварот помеѓу Бразил и Колумбија на голем екран; Сао Паоло, Бразил. Фото: Маурицио Лима. 07/04/2014

300 деца од целиот свет се рекреираат на плажата на Меѓународниот детски камп Сонгдовон; Вонсан, Северна Кореја. Фото: Вонг Мае-Е. 07/29/2014

Загинат патник од Malaysia Airlines (лет бр. 17) покриен со најлон; во близина на Рожипне, Украина. Фото: Максим Змеев. 07/18/2014

Израелка се моли за време на погребот на тројцата израелски тинејџери кои беа киднапирани и убиени на Западниот брег; Модин, Израел. Фото: Финбар О’Рајли. 07/01/2014

Роднини на повреден Палестинец во воздушните напади во Газа, гледаат низ прозорците на операционата сала додека тој се оперира; Беит Лахија, Газа. Фото: Сергеј Пономарев. 07/24/2014

Палестинци се молат под урнато минаре додека трае прекинот на огнот со Израел; Газа. Фото: Висаам Насар. 08/15/2014

Демонстрант се повлекува пред американските специјалци на демонстрациите кои ескалираа поради убиството на Мајкл Браун од страна на полицаец; Фергусон. Фото: Витни Куртис. 08/11/2014

Таткото на Мајкл Браун плаче над ковчегот на својот син на гробиштата Свети Петар; Мисури. Фото: Ричард Пери. 08/25/2014

Јасмин Ритај (16) со ќерката, го напуштила сопругот кој ја малтретирал за време на нејзината бременост и се вратила кај своето семејство; Бегалски камп Затари, Јордан. Фото: Линзи Адарио. 08/27/2014

Искршени парчиња стакло, малтер и прав во кујна од куќа во Донецк, за време на судирите помеѓу украинските трупи и проруските сепаратисти. Фото: Сергеј Илницки. 08/26/2014

Медицински тим го носи 8-годишниот Џејмс Дорбор во центар за лекување ебола, откако поминал часови чекајќи надвор; Монровија, Либерија. Фото: Даниел Берехулак. 09/05/2014

Момче од Хондурас гледа филм во центар кој граничната патрола на САД го отворила за привремено сместување на малолетните имигранти; Тексас. Фото: Џон Мур. 09/08/2014

Лулка за бебе оставена од курдските бегалци на турско-сириската граница, во близина на военото жариште Кобани; Турција. Фото: Мурад Сезер. 09/27/2014

Курдска мајка од Сирија чека со нејзините деца да бидат префрлени во турско засолниште по бомбардирањето на силите на Исламската Држава; Јумурталик, Турција. Фото: Брајан Дентон. 09/29/2014

Италијанската морнарица спасува африкански бегалци натоварени на гумен чамец, кои бегаат од војната во своите земји; помеѓу Либија и Италија. Фото: Линзи Адарио. 10/04/2014

Полицајци се обидуваат да оттргнат демонстрант кој се држи за ограда на демонстрации во Хонг Конг. Фото: Филипе Лопез. 10/03/2014

Воздушен напад врз милитанти од Исламската Држава во близина на сириско-турската граница, видени од турска страна; Провинција Алепо, Турција. Фото: Булент Килиџ. 10/23/2014

Жена продава балони на Денот на мртвите, покрај портретите на исчезнатите студенти за кои се верува дека се убиени од локална банда; Чилпансинго, Мексико. Фото: Себастијан Листе. 10/31/2014

4-годишното девојче познато како „Sweetie Sweetie“, едно од илјадниците деца чиишто родители починале од ебола, на испитување на симптомите на болеста; Порт Локо, Сиера Леоне. Фото: Даниел Берехулак. 12/06/2014

Жена го оплакува 15-годишниот Мухамед Али Кан, еден од 130-те студенти убиени во терористички напад на талибанците врз Државното воено училиште; Пешавар, Пакистан.

Човек го чисти снегот околу куќата откако во областа Бафало паднал снег од околу 1,5 метри; Њујорк. Фото: Дерек Џи. 11/19/2014

(крај)

Кон првиот дел

Извор: The New York Times

Слични содржини

Фотографија / Свет
Фотографија / Свет
Фотографија / Свет

ОкоБоли главаВицФото