Патриот напишал коментар на кирилица

22.01.2015 09:58
Патриот напишал коментар на кирилица

Скопје/Сиднеј, 22 јануари 2015

Митре Џонс, познат македонски патриот од Сиднеј, предизвика вистински скандал во македонската јавност, откако на Фејсбук страницата на сајтот www.makedonijadoneptun.au остави коментар на кирилица.

Наместо досегашните патриотски беседи напишани со големи букви (популарниот caps lock), Митре ја изненади македонската и светската интернет јавност пишувајќи патриотски коментар на кирилица, и тоа без да користи постојано големи букви.

„Македонија е вечна не го даваме името македонско Античката крв на Гоце Даме Аминта и Пердика тече во нас Македонија е до кај што има Македонци ако стигнавме до Сиднеј ќе стигнеме и до Нептун“, вели Митре Џонс во својот коментар.

Ваквиот патриотски излив не остана незабележан од останатите патриоти на сајтот, кои жестоко го нападнаа колегата-родољуб:

„TAKA NE SE PISUVAAT PATRIOTSKI KOMENTARI NA STO LICI OVA SE ZNAE KAKO KOMENTIRAAT PATRIOTITE MAKEDONIA NA MAKEDONCITE DA ZIVEE ZASEKOGAS GORDOST ALEKSANDROVA I JAS SUM ZA MAKEDONIJA DO NEPTUN AMA MITRE PAZI KAKO PISUVAS NE ME SVAKAJ POGRESNO I JAS SUM PATRIOT KAKO TEBE NO SE TRUDAM KO SO TREBE DA PISUVAM KOMENTARI EDNA NA SVETOV E NASATA ZEMJA IMETO NE GO DAVAME ZNAMETO SO SONCE SESNAES KRACI NE GO DAVAME MAKEDONIJA VECNA!!!!!!!!!“, коментира корисникот потпишан како ICKO MAKEDON.

На скандалот со Митре Џонс се надоврза уште поголемиот скандал со скопјанецот Стојанче Илијоски, кој освен што напишал коментар на кирилица, користел и интерпункција. По бројните реакции на читателите на интернет страницата www.pravonaterasa.mk, неговиот коментар е избришан.

Слика: Свирачиња