Саудиска Арабија ги прогласи атеистите за терористи

22.01.2015 13:09
Саудиска Арабија ги прогласи атеистите за терористи

 

Саудиска Арабија донесе закон со кој сите атеисти ги прогласи за терористи, објавува Human Rights Watch. Новиот закон го дефинира тероризмот како „повикување на каков било облик на атеистичко мислење“.

 

Саудискиот крал Абдула донесе низа закони и кралски декрети со кои ја прокламираше целта на борба против тероризмот, а всушност станува збор за прогон на политичките дисиденти.

Законите пред сè се насочени против сè поголемиот број Саудијци кои се враќаат од „џихадот“ на страната на ISIL во Сирија со идеја да ја срушат монархијата. За учество во војна надвор од Саудиска Арабија исто така се предвидува затвор од три до дваесет години.

Меѓутоа, и „безбожниците“ се на мета. Новиоt закон го дефинира тероризмот како „повикување на каков било облик на атеистичко мислење или доведување во прашање на основите на исламската религија, на која се заснова државата“.

„Саудиските власти никогаш не толерирале критикување на нивната политика, но овие нови закони го претвораат кој било критички израз во терористички чин“, изјави Џо Сторк, заменик директор на HRW за Блискиот Исток и северна Африка.

Во 13 муслимански земји ширум светот, луѓето кои отворено го прифаќаат атеизмот или ја отфрлаат официјалната државна религија - исламот, според законот можат да бидат убиени.

И во немуслиманските држави, дури и во некои на запад, најдемократските влади ги дискриминираат граѓаните кои не се верници и можат да ги сместат во затвор поради навреди кои се сметаат за богохулни.

Истражувањето на оваа тема спроведе Меѓународната хуманистичка и етичка унија (IHEU), покривно здружение кои ги обединува атеистите, агностиците и останатите верски скептици,

Истражувањето, кое ги опфаќа сите членки на ОН, покажува дека смртната казна за богохулење е присутна во 13 земји: Авганистан, Иран, Малезија, Малдиви, Мавританија, Ниерија, Пакистан, Катар, Саудиска АРабија, Сомалија, Судан, Обединети Арапски Емирати и Јемен.

Извор: Independent