1027 hPa
70 %
7 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 08:59
Сите пратеници што вчера гласаа за утврдување на Амандманот XXXIII, гласаа не само за цементирање на дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација (како што им укажа вчера Amnesty International), туку и за прекршување на уставните процедури.
Практично, пратениците го утврдија и ставот 2 од Амандманот XXXIII за кој:
1. Не е претходно изгласана потреба за измена на Уставот (со двотретинско мнозинство). Кога се гласаше за потребата за пристапување кон измени на Уставот со 82 гласа, се гласаше само за владиниот предлог за уставно дефинирање на бракот, а не и за начинот на законско дефинирање на семејството и вонбрачната заедница.
2. Не е претходно отворена јавна дискусија за ставот 2 од Амандманот XXXIII. Јавната дискусија беше отворена откако беа усвоени нацрт-амандманите, а во нив никаде нема одредба дека „Правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон, што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“.
3. Нема мислење од Венецијанската комисија, ниту од други меѓународни фактори и засегнати домашни чинители, затоа што истиот воопшто и не беше на јавна расправа!
Практично, ставот 2 од Амандманот XXXIII е прокриумчарен во Уставот, и сите што ќе гласаат за него ќе ги погазат уставните процедури!
Пратениците имаат последна шанса да го избегнат резилот да не бидат прогласени за врвни дискриминатори и погазувачи на Уставот!
Последна шанса има и Лилјана Поповска, која некни гласала за утврдување и на ставот 2 од Амандманот XXXIII!
Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња